5 едноставни начини како да се ослободите од салото на стомакот

Вежбате три до четири пати неделно, не консумирате големи количини на јаглехидрати, сендвичите ги заменувате со салата, но никако не можете да се ослободите од салото на стомакот.

5-ednostavni-nacini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-stomakot-01.jpg

Можеби постои причина зошто останува вишокот сало на вашиот стомак...

Нутриционистот Мерилин Гленвил дава 5 причини зошто може и покрај сите напорни обиди сè уште да имате вишок сало на стомакот:

1. Воспаление

Ако и покрај сите вежби во теретана и различни диети, сè уште не можете да ослабете, можеби постојат воспалителни процеси во вашиот организам.

Гленвил вели дека масните клетки функционираат како жлезди - „создаваат хормони“ и други супстанци како и останатите жлезди во организмот.

Меѓу супстанците кои ги создаваат се и цитокините - супстанци кои влијаат на имуниот систем. Ако имате поголема количина на цитокини во организмот, започнува да се лачи и поголема количина на кортизол во организмот.

Поголемото лачење на кортизол во организмот предизвикува натрупување на дополнителни масни наслаги и така се вртите во круг.

Ако сакате да ги намалите овие воспалителни процеси морате да ги извадите од исхраната сите преработени намирници.

5-ednostavni-nacini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-stomakot-1.jpg

2. Среќен стомак

Во вашиот стомак имате „добри“ и „лоши“ бактерии, односно цревна микрофлора која влијае на тоа како целокупниот организам функционира.

Но, лошите животни навики можат да го нарушат балансот на микролората, а за да го ја вратите во баланс, морате да консумирате храна која е богата со влакна, како јаткасти плодови, леќа, грав, грашак, брокула, сите видови на овошје, интегрален леб...

5-ednostavni-nacini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-stomakot-2.jpg

3. Читајте ги етикетите со составот на производите

 „Gluten free“, „sugar free“ и „low fat“ се натписи по кои многу често сме посегнувале во надеж дека ќе ни помогнат да ослабеме, но реалноста е дека токму таквите производи може да го предизвикуваат салото на стомакот.

Држете се до природните намирници и ќе забележите промена во вашиот изглед.

4. Сонот е екстремно важен

Целото општество спие помалку - од 1900-та година па навака, бројот на часови кои ги поминуваме во спиење се намалени од 9 на 7,5 часа.

Но, треба да имате на ум дека сонот е тој кој го одржува вашето здравје, преку него си ги полните батериите, а и си помагате во процесот на слабеење.

5-ednostavni-nacini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-stomakot-3.jpg

5. Магнезиум

Нашите заби, коски, мозок, срце и бубрези имаат потреба од магнезиум. Токму овој минерал го одржува здравјето на срцето, ни дава дополнителна енергија и го регулира нивото на шеќер во крвта.

Вклучете храна богата со магнезиум во вашата исхрана - повеќе зелен зеленчук, банани, кафеав ориз, јаткасти плодови и семки.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg