Што јаде Џеј Ло за на 47 да изгледа како да има 27 години?

Кога зборуваме за младоликост и одлично држење за годините, прво помислуваме на Џеј Ло.

sto-jade-j-lo-za-na-47-da-izgleda-kako-da-ima-27-godini-1.jpg

Можете да поминете часови на нејзиниот Инстаграм и таму ќе откриете дека напорните тренинзи и здравата храна се клучни за нејзиниот изглед.

Поточно, строгата диета и строгите правила се цената која треба да ја платите за да изгледате 2 децении помладо.

Што точно јаде и прави Џеј Ло?

Оброците никогаш не вклучуваат обработена храна

Сè што јаде има органско потекло. Типичниот ручек вклучува лосос и салата од разни зеленчуци – брокули, пиперка и тиквички со оцет, како и кељ со семки од тиква. За вечера пак, обожува свинско и пилешко месо, заедно со малку киноа и печени слатки компири.

sto-jade-j-lo-za-na-47-da-izgleda-kako-da-ima-27-godini-2.jpg

Грицка паметно

„Секогаш со мене имам грицки, но под грицки мислам овошја и зеленчуци,“ вели Џеј Ло кога ја прашуваат како го издржува денот кога има дури и по неколку снимања.

Не се држи само до еден вид на вежби

Џеј Ло има двајца лични тренери кои и состануваат различен режим на вежбање и во тоа е трикот – да не западнете во рутина.

sto-jade-j-lo-za-na-47-da-izgleda-kako-da-ima-27-godini-4.jpg

Без пороци

Џеј Ло никогаш нема да ја видите со цигара или кафе во рака. Признава дека понекогаш пие кафе, но тоа е многу ретко и е исклучиво бескофеинско.

Младешката кожа не сака сонце

„Ретко сум на сонце, но кога сум, ставам еден тон крема со заштитен фактор,“ вели. Исто така, тврди дека тенот и е изедначен бидејќи строго избегнува алкохол и кофеин. „Овие две работи навистина ви ја брчкаат кожата со текот на годините.“

Протеински шејк

Протеинскиот шејк е лесен за носење каде и да одите, и токму тоа е тајната на Џеј Ло кога и да огладни. Таа става малку протеински прав во мешавина од шумско овошје, јогурт и мед.

sto-jade-j-lo-za-na-47-da-izgleda-kako-da-ima-27-godini-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg