Правила за слабеење кои ни нутриционистите не ги почитуваат

Само затоа што се експерти за исхраната, не значи дека нивните препораки се строги заповеди. Дури и тие ги прекршуваат, а ви ги откриваме и причините зошто е така.

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-1.png

„Исфрли ги јаглехидратите и шеќерите, не јади пред спиење и избегнувај ги десертите!“. Вака гласат добро познатите препораки за слабеење, со чија помош многумина се обидуваат да го намалат вишокот килограми.

Сепак, нутриционистите кои ги поставуваат таквите ригорозни правила, всушност неретко ги прекршуваат. Меѓутоа, ова не се „забележува“ по нивната телесна тежина. Во што е тајната?

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-2.jpg

Ова се петте правила за слабеење кои ни нутриционистите не ги почитуваат:

1. Исфрлање на сите јаглехидрати

Белиот леб често се именува како главен непријател на успешното слабеење, меѓу другото, затоа што содржи и голема количина на штетни јаглехидрати. Од оваа причина, луѓето имаат навика нагло да ги исфрлат сите јаглехидрати од исхраната. 

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-3.jpg

Притоа, забораваме дека дел од нив се сепак корисни за здравјето. А, истите не го попречуваат губитокот на килограмите. Ова го потврдува и нутриционистката Изабел Смит, откривајќи дека таа самата не се придржува до строгото правило. 

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-4.jpg

„Мене јадењето јаглехидрати ми помага во постигнувањето чувство на ситост и одржување на посакуваната телесна тежина. Мешунките, киноата, овесот, кафеавиот ориз, тестенините и лебот од целозрнести житарки, како и останатите сложени јаглехидрати, не претставуваат никаков проблем. Мора да внимавате на рафинираните и прости јаглехидрати. Тие брзо се варат и го креваат нивото на шеќер во крвта, зголемувајќи го и чувството на глад.“

2. Избегнување на храна пред спиење

„Луѓето честопати мислат дека мора да имаат некаков прецизен временски план. Меѓутоа, јас лично јадам тогаш кога сум гладна. Многу е едноставно.“

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-5.jpg

Ова се зборовите на нутриционистката Моника Аусландер Морено, која признава дека нема теоретски причини за загриженост поради јадењето доцна навечер. Многубројни истражувања покажале дека метаболизмот може конзистентно да ги согорува калориите во текот на целиот ден.  

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-6.jpg

Сепак, потребно е да се обрне внимание на квалитетот и квантитетот на намирниците што се консумираат пред спиење. Малите количини на квалитетна храна не го кочат процесот на слабеење. Напротив – добредојдени се.

3. Откажување од десерти

„Целосното избегнување ќе доведе до прекумерно уживање. Се разбира дека јадам десерти, ама не секој ден. Кога повремено си ја честите душата, ризикот од прејадување се намалува. Почнувате десертот да го доживувате како награда.“

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-8.jpg

Вака гореспоменатата нутриционистка го образложува прекршувањето на правилото, според кое комплетното откажување од десертите е предуслов за витка линија. Шерен Леман, пак, советува да обрнете внимание на тоа каде и како ги јадете, бидејќи така повеќе ќе ви значат. 

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-9.jpg

„Каснете сладолед во слаткарница, наместо да навалите на кутијата во фрижидерот. Не мора да се откажете од десертот. Само консумацијата направете ја посебна и забавна.“

4. Елиминирање на шеќери

Исто како и во случајот со јаглехидратите, луѓето понекогаш претеруваат во желбата да го исфрлат сиот шеќер од исхраната. Одново забораваме дека тој е содржан во составот на секакви продукти, од овошјето и зеленчукот, па до млечните производи.

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-10.jpg

Природните шеќери не се опасни. Проблематични се вештачките, кои се додаваат во процесираната храна, па по консумацијата, тие се таложат во човечкиот организам.

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-11.jpg

Препорака од нутриционистите е помалку да се оптоварувате со елиминација на шеќерот, а повеќе да уживате во овошјето. За него е докажано дека претставува најдобар извор на здрави шеќери.

5. Појадување после будење

Од нутриционистите неретко слушаме и дека појадокот е најважниот оброк во денот, па нужно е да го изедете непосредно по будењето.

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-12.jpg

Правилото вели дека што подолго го одложувате внесот на храна, станувате посклони кон прекумерно јадење. Како причина се наведуваат нестабилните нивоа на шеќерот во крвта.

pravila-za-slabeenje-koi-ni-nutricionistite-ne-gi-pochituvaat-13.jpg

Меѓутоа, експертите се децидни дека нема ништо лошо ни доколку го одложите, сè до моментот кога вистински ќе почувствувате потреба да каснете нешто.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg