Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Летна диета со малини која покажува резултати за 3 дена

Малината е превкусно летно овошје полно со минерали, антиоксиданси и витамини Ц, Б1 и Б12. Одличната комбинација на хранливи состојки може да помогне во намалувањето на вишокот килограми.

letna-dieta-so-malini-koja-pokazhuva-rezultati-za-3-dena-01.jpg

Благодарение на растителните влакна, малините ја задржуваат ситоста подолго, а една полна чаша малини содржи помалку од 70 калории.

Исто така, луѓето кои имаат проблеми со холестерол, со работата на бубрезите или со висок притисок, можат почесто да ги консумираат.

Доколку се практикува начин на исхрана со малини, може да се изгубат и 2-3 килограми за три дена.

Токму три дена трае летната диета со малини, којашто вклучува 4-5 оброци во текот на денот, од кои барем еден треба да содржи протеини од животинско потекло.

Прв ден:

Појадок: 1,5 чаша малини со шест лажици несолена урда или 4 парчиња младо сирење

Ужина: Милкшејк со малини

Ручек: Пилешки стек со домат

Десерт: Две чаши малини

Вечера: Милкшејк со малини

Втор ден:

Појадок: 100 g малини

Ужина: 150 g малини

Ручек: Филет бела риба и 100 g зеленчук како прилог

Вечера: 200 g малини и 100 g ореви

Трет ден:

Појадок: Една чаша јогурт и 100 g малини

Ужина: 200 g малини и неколку ореви

Ручек: 150 g говедско месо и салата од зелка и моркови

Вечера: Две печени јаболка со ореви и една чаша свежи малини

letna-dieta-so-malini-koja-pokazhuva-rezultati-za-3-dena-02.jpg

Напомена: Количината на малини која ќе ја изедете во овие денови ќе ви помогне побрзо да ги согорувате вишокот масти и калориите. Месото е задолжително поради ефектот на „прочистување“ којшто се случува со јадењето малини, односно снабдување на телото со доволно животински протеини за време на режимот на исхрана.

Не ја држете диетата подолго од три дена. Повторете по најмалку три недели.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg