Не јадете јаглехидрати, брзите диети се ефикасни - 10-те најлоши совети за слабеење кои ќе ги добиете

Ако ги исфрлите јаглехидратите, вашето тело може да помисли дека гладувате, па нема да ги троши калориите кои ги внесувате со останатата храна, туку ќе се обиде да ги таложи.

10te-najloshi-soveti-za-slabeenje-koi-ke-gi-dobiete-01.jpg

Ако се обидувате да изгубите некој килограм, сигурно сите веќе имаат по некој предлог како да ја постигнете целта.

Но, најважно е да го слушате телото, како тоа реагира на промените на исхраната и да знаете дека овие 10 совети за слабеење никогаш не треба да ги послушате:

1. Не сите активности се сметаат како вежба

Сосема погрешно. Додека сте на нозе и се движите – ги вежбате мускулите. Вистина е дека не сите активности и вежби делуваат исто и со подеднаков интензитет, но најважно е да сте во движење.

2. Исфрлете ги јаглехидратите од менито

Ова е една од тезите која никако не умира. Ако целосно ги исфрлите јаглехидратите, вашето тело може да помисли дека гладувате, па нема да ги троши калориите кои ги внесувате со останатата храна, туку ќе се обиде да ги таложи.

3. Исфрлете ги маснотиите

Слична приказна. Маснотиите не се непријатели ако знаете да препознаете кои се здрави, а кои не.

4. Одредена храна ви е комплетно забранета

Ако никогаш не се наградувате со мала количина од храната која ви е „забранета,“ многу полесно ќе ја изгубите мотивацијата за слабеење.

5. Не јадете по 18 часот

Додека кај некои луѓе овој совет има логика и ефикасност, за други е ужасен. Нутриционистите велат дека додека внимавате што ставате на чинијата, времето нема толкава улога.

10te-najloshi-soveti-za-slabeenje-koi-ke-gi-dobiete-02.jpg

6. Вегетаријанството автоматски ќе ве направи слаби

Повторно, не ве дебелее само видот, туку и количината на храната. Покрај тоа, многу калорични вегетаријански намирници можат да ве здебелат ако претерате со јадење. 

7. Најдобри се брзите диети

Брзите диети го исцрпуваат телото и многу побрзо носат до јо-јо ефект, па долготрајната ефикасност не лежи во нив.

8. Земете пилули или чај за слабеење

Генерално, ова е лоша идеја. Пиењето на магични апчиња и чаеви нема да го потисне фактот дека се храните нездраво.

9. Наполнете се со течности

Преголемата количина од што било – е лоша.

10. Целосно исфрлете го лебот од исхраната

Ако го исфрлите лебот, голема е веројатноста да го замените со уште помасна храна.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg