Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Анти-кандида диета: Што смее, а што е забрането да се јаде за да се ослободите од оваа досадна бактерија?

Диетата против кандида можеби ќе бара малку жртви од вас, што се однесува до исхраната, но ќе даде и ефективни резултати. А сите знаеме колку е тешко да ја решиме оваа упорна и отпорна бактерија.

Anti-kandida-dieta-01.jpg

Доколку ве измачува кандида, пробајте го ова мени во следните 10 дена. Без промена во исхраната, оваа габа е речиси невозможно да се контролира, и покрај препишаната терапија.

Секако, откако ќе се ослободите од неа, може да се вратите на вашата нормална исхрана. 

Анти-кандида диетата ја опфаќа следната храна:

Зеленчук:

Брокула, блитва, модар патлиџан, тиквички, магдонос, брокула, целер, мешунки, зелка, краставици. Потоа моркови, но само сварени, спанаќ, кељ, ротквици, карфиол, аспарагус.

Риба и месо:

Речиси сите риби, ракчиња, јастог, школки, пилешко, телешко, свинско, гуска, патка, говедско месо, дивеч, јагнешко месо, зајак.

Јаткасти плодови и семиња:

Семки од сончоглед, лешници, бадеми, семки од тиква, сусам, индиски ореви, ореви, пекан ореви, бразилски ореви.

Млеко и млечни производи:

Јогурт со пробиотик, домашен кефир, тврди сирења.

Пијте колку што е можно повеќе течности:

Вода, билни чаеви, кафе без кофеин, лимонада без шеќер.

Здрави масла:

Маслиново масло, ленено семе и ладно цедено сончогледово масло.

Само одредени житарки, исклучиво со цели зрна: во помали количини јачмен, ориз, овес, просо, хељда, ’рж и кафеав ориз.

Друга храна:

Во многу мали и умерени количини: печени компири, јогурт со малку маснотии, незасладени мали колачи, крекери од ориз и слично.

Овие намирници не се пожелни за консумација против кандида, затоа бидете умерени со нивната употреба.

Anti-kandida-dieta-02.jpg

Храна која треба да се избегнува:

Шеќер, мед, меласа, џемови, бонбони, чоколадо, гуми за џвакање, пудинг, бисквити, сладолед.

Опасни се и скриените шеќери во преработената храна: декстроза, лактоза, фруктоза, малтоза, сорбитол, манитол, галактоза, сахароза, полисахариди, моносахариди.

Диетата против кандида го исклучува овошјето во речиси сите форми:

Свежи или пак сушени и зашеќерени, овошни сокови, компоти и слично. Лимон, грејпфрут и лимета се дозволени во помали количини, а понекогаш и свежи зелени јаболка.

Млечните напитоци треба да се избегнуваат во овој период: фрапе, млеко, милкшејкови.

Храна со скроб: Бело и пченкарно брашно, производи од рафинирани житарки (гриз, палента, пченични снегулки). Избегнувајте и солени грицки (переци, стапчиња за јадење и чипс).

Можете да јадете грав, грашок и компири, но само во умерени количини.

Избегнувајте кисели зеленчуци, мајонез, кечап, соја сос, сосови и преливи за салати, како и алкохолни пијалаци. Треба да се избегнува квасец, витамински додатоци, тесто од квасец, леб како и речиси сите видови печурки.

Најомразени производи, кои кандидата особено многу „ги сака“ се: салама, парчиња месо, паштети и виршли кои се исклучително штетни, готови оброци, претходно загреани јадења, кикиритки, ф’стаци.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg