Јапонска диета поради која пејачката Милица Павловиќ изгледа фит – за 14 дена се слабее и до 8kg

Српската пејачка Милица Павловиќ (30) од почетокот на кариерата плени со својот изглед. 

za-14-dena-se-slabee-i-do-8-kilogrami-japonska-dieta-poradi-koja-pejackata-milica-pavlovikj-izgleda-fit-01.jpg

За да остане витка таа сепак внимава на исхраната, а своевремено ја практикувала и т.н. jапонска диета со банани.

„Пријателите ми го кажаа овој начин на исхрана, па добив информации на интернет и им го препорачувам на сите. Секако, со лекарска консултација. Ништо без тоа. Секој мора да најде што најмногу му одговара на неговиот метаболизам“ изјави пејачката.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Но, каква е јапонската диета?

Станува збор за двонеделна диета која комбинира механизми за забрзување на метаболизмот и промена на навиките, а потсетува на начинот на исхрана кој е застапен во Јапонија.

Во текот на двете недели е забрането консумирање на шеќер, алкохолни пијалаци, вештачки сокови, брашно, а се препорачува да се намали солта на минимум – толку многу што храната е речиси целосно несолена.

Се препорачува зголемен внес на вода, како и лесна физичка активност. Дури и половина час пешачење ќе ви помогне, ако не сте премногу активни.

Храна што треба да се внесува: риба, ориз, житарки, производи од соја. Исто така, многу свежо овошје, јајца, кафе и чај.

Пример за тоа како изгледа менито на Милица Павловиќ:

Појадок: 3 банани. Дозволено е да се консумира само вода или чаша млеко со малку маснотии, покрај бананите.

Ручек: Зеленчук зготвен на пареа со говедско месо, рибја чорба или интегрални тестенини со сос од домати. Со секој оброк може да јадете зелена салата. Можете да јадете и банана помеѓу оброците, но направете пауза од 4 часа помеѓу двата оброка.

Вечера: пилешко на скара, мисиркино, говедско месо или риба. Исто така, додадете и салата по желба.

Последниот оброк консумирајте го најдоцна до 20 часот, а пожелно е да си легнете 4 часа подоцна.

Доколку ја практикувате оваа диета, за 14 дена може да се изгубат и до 8 килограми, но секое тело реагира различно и важно е да се консултирате со стручно лице. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg