Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка

Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката совршено се вклопува со сите други состојки – Едноставен рецепт за коктел од вотка и калинка.

recept-za-koktel-od-votka-i-kalinka-koj-kje-go-napravite-za-mnogu-kratko-vreme-01.jpg

Ако сте љубители на коктели и сакате да експериментирате со вкусовите, тогаш ќе го обожавате овој коктел. За подготовка не ви требаат многу состојки, а ќе го направите за кратко време.

Сокот од калинка истовремено ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека, пак, вотката совршено се вклопува со сите други состојки.

Но, доколку не сте обожавател на вотка, слободно испробајте го овој рецепт со џин, текила или рум.

recept-za-koktel-od-votka-i-kalinka-koj-kje-go-napravite-za-mnogu-kratko-vreme-02.jpg

Потребни состојки:

  • 60-90ml вотка (зависно од тоа дали сакате послаб или посилен вкус)
  • 60ml сок од калинка
  • Сок од ½ лимета
  • 180ml минерална вода

recept-za-koktel-od-votka-i-kalinka-koj-kje-go-napravite-za-mnogu-kratko-vreme-03.jpg

Начин на подготовка:

  • Наполнете го шејкерот за коктели со мраз до самиот врв.
  • Потоа ставете ја вотката, сокот од лимета и сокот од калинка.
  • Протресете добро и истурете во 2 чаши за коктел во кои претходно сте ставиле мраз.
  • Одозгора ставете минерална вода.
  • Послужете со парче лимета и уживајте!

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Зошто не треба да ја ладите вотката во замрзнувач? Франсоа Тибо, кој е креатор на популарната вотка „Grey Goose“ открива зошто ладе...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg