Кои чаеви се добри, а кои штетни за здравјето?

Ако вашето утро го започнувате со чај, наместо со кафе и уште сте вистински голем фан на овој пијалак, тогаш погледнете дали ги пиете чаевите кои можат сериозно да ви наштетат врз здравјето...

koj-caj-e-dobar-a-koj-steten-za-zdravjeto-1

Секое нешто во светот има позитивни и негативни страни, а нутриционистите се согласуваат околу овие:

ЗА: Зелениот и црниот чај се богат извор на антиоксиданси и можат да ве заштитат од сериозни болести како рак и срцеви заболувања. Доколку сте чувствителни на кофеин, кои овие два чаеви го содржат, тогаш консумирајте други видови на билни чаеви како камилица, шипка, мајчина душица, нане, слез, вркута, а секако во групата на здрави спаѓаат и овошните чаеви со слатка арома.

ПРОТИВ: Се препорачува да избегнувате ароматизирани варијанти кои не содржат билки, туку само нивните мириси. Пијалаците како леден чај спаѓаат во групата на слатки пијалаци и сокови, а во главно содржат екстракти со додатоци како шеќер, боја и адитиви. Кога купувате чаеви секогаш детално читајте ја содржината и состојките и одберете производи со јасно декларирана содржина.

Совет плус: Чајот најдобро е да се пие без додатен засладувач како шеќер, а доколку не можете така да го пиете секогаш можете да додадете лажичка мед. 

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Колагенско кафе за подмладување: Кои се ефектите и како да го направите? Џенифер Анистон и Кортни Кардашијан се само дел од светските ѕвезди кои не остан...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg