Не толку познати коктели кои вреди да се пробаат

Постојано слушаме како некој пробал или се сликал со Мохито, па Пина колада, па Космополитан и така листата продолжува со тие едни исти коктели кои постојано се вртат во круг и ќе речете како само тие да постојат.

ne-tolku-poznati-kokteli-koi-vredi-da-se-probaat-1.jpg

Но, како што во светот на алкохолот постојат безброј видови на пијалаци, така и во егзотичниот свет на коктелите.

Еве неколку, кои иако не се толку познати, сепак вредат да се пробаат:

Бижу, коктел кој за првпат се појавил во книгата на Хери Џонсон, дури во далечната 1900та. Окарактеризиран со богат и луксузен вкус, токму поради неговиот тревен шарм некои го обожаваат додека пак други и не толку.

Составен од Лондон џин, сладок вермут, зелен Шартес (француски ликер) и сируп од портокал.

ne-tolku-poznati-kokteli-koi-vredi-da-se-probaat-2.jpg


Хенки Пенки
, со звучно и интересно име се надоврзува и интересна историја, односно овој коктел е создаден од група од жени кои во наводно поседувале свој бар. Како со жените, па така и со овој коктел се препорачува да се биде претпазлив.

Слично како Бижу и во рецептот на овој изум повторно има џин, вермут и Ферне-Бранка, тип на горчлив хербален ликер.

ne-tolku-poznati-kokteli-koi-vredi-da-se-probaat-3.jpg


Пинк Лејди,
со слатко име, всушност овој пијалак е како симбол на феминистките. Воопшто да не ве залажува нежното име, бидејќи овој коктел е се освен нежен, што дури и женствената боја нема никаква улога.

Сув џин, Ејлпџек (силен алкохолен пијалак создаден во колонијалниот период во Америка), лимонов сок, сируп, 1 белка од јајце и доколку сакате да го украсите, додадете вишна.

ne-tolku-poznati-kokteli-koi-vredi-da-se-probaat-4.jpg


Лусијан Годан
(фра. Lucien Gaudin), коктел кој своето име го добил по истоимениот француски атлетичар, во браншата на мечување, при што бил и Олимписки шампион. Што ги инспирирало оние што го измислиле коктелот да му го дадат токму ова име е непознато.

Составен од Коантро (ликер со вкус на портокал), Кампари аперитив карактеристичен по својот овошен и воден вкус на кои повторно се додава џин и вермут.

ne-tolku-poznati-kokteli-koi-vredi-da-se-probaat-5.jpg


Последниот на листата е забавниот Манки Гленд. Класика на 20те години, овој коктел бил вистинскиот симбол и центарот на забавите.

Врз основата од свежо исцеден сок од портокал се додава џин, засладувач и апсинт познат по својата привлечна зелена боја со вкус на мастика.

ne-tolku-poznati-kokteli-koi-vredi-da-se-probaat-6.jpg

Автор: Е.Г

Би можело да ве интересира:

Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg