Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови

Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се печат, вкусни се, а можат да ги подготват и почетници во кујната.

chizkejk-od-banani-shto-ne-se-peche-idealen-za-letnite-denovi-01.jpg

Ова е идеален летен рецепт за сите оние што го сакаат вкусот на банани и ванила, а за само 40-тина минути можете да подготвите вкусен летен рецепт кој е најдобар кога се сервира изладен.

Потребни состојки:

За кора:

  • 300g бисквити (мелени);
  • 50g шеќер во прав;
  • 100g несолен путер (стопен);

За фил:

  • 220g крем сирење;
  • 50g шеќер во прав;
  • 120g шлаг пена (изматена во цврст снег);
  • 2 банани исечени на парчиња;

За фил со пудинг:

  • 1 ќесичка пудинг од ванила;
  • 500ml млеко;
  • 120г шлаг пена (изматена во цврст снег);
  • 2 банани (испасирани)

Начин на подготовка:

  • Состојките за кората се ставаат во длабок сад и се мешаат додека не се добие изедначена смеса, па потоа се става во плех и се притиска со чаша додека не се добие кора;
  • Додека ги подготвувате филовите, кората за чизкејкот се става во ладилник;
  • Во длабок сад со миксер се матат крем сирењето и шеќерот во прав додека не се добие изедначена смеса, а потоа се додава и шлаг пената;
  • Пудингот се подготвува според упатството на амбалажата, а откако ќе се олади во длабок сад му се додава шлаг пена и испасирани банани;
  • Се зема кората за тортата од ладилник и врз неа се става еден ред исечкани банани на крукчиња, па се става филот со крем сирење, па повторно 1 ред исечкани банани и на крај се става филот од пудинг.
  • Готовиот чизкејк се остава во ладилник најмалку два часа, или преку ноќ. 

chizkejk-od-banani-shto-ne-se-peche-idealen-za-letnite-denovi-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Сочен викенд ручек: Свински кременадли на скара со прелив од мед Свинските кременадли со глазура од мед можете да ги пробате за продолжени викенд...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Ќе барате уште едно парче: Торта од редени палачинки и фил со Нутела крем Торта од палачинки со фил од Нутела... Звучи примамливо нели? Погледнете како да...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg