Испробајте: Карамел пита со јаболка

Вкусот на оваа пита е многу сличен со оној на слаткиот крем бруле, па така, совршено ќе се вклопи со есенското кафе или топло чајче.

isprobajte-karamel-pita-so-jabolka-01.jpg

Испробајте, споделете со најблиските и раскажете ни го искуството.

Потребни состојки:

  • 125 g путер
  • 100g шеќер
  • 1 јајце
  • 250g брашно
  • 1-2 полни лажици кисела павлака
  • Малку прашок за печиво

За полнење:

  • 700 g јаболка
  • 200g шеќер
  • Кесичка ванилин шеќер
  • Цимет по желба
  • Сок од 1 лимон

Подготовка:

1. Путерот изматете го и постепено додавајте го шеќерот. Во него измешајте го и јајцето и павлаката, па на крајот оваа смеса соединете ја со брашното и прашокот за печиво. Тестото треба да се одвојува од садот во кој ќе го замесите. Обликувајте топка, замотајте ја во проѕирна фолија и ставете ја во фрижидер додека го подготвите остатокот од рецептот.

2. Јаболката исчистете ги и исечете ги на тенки парчиња. Во тепсијата во која ќе ја печете питата посипајте малку шеќер и рамномерно распоредете го по дното. Врз него распоредете ги јаболката, додајте малку цимет, ванилин шеќер и пропрскајте ги со сокот од лимон. Ставете ги на загреана рингла и загревајте додека шеќерот не се карамелизира. Тргнете од оган и разладете.

3. Извадете го тестото од фрижидер, развлечете го во димензии на тепсијата, па со него покријте ги јаболката, а краевите малку стиснете ги за самиот сад. Питата печете ја на 180 степени околу 20-25 минути. Откако ќе ја извадите ставете крпа врз неа. По 10тина минути претурете ја на чинија за служење.

Важно: Питата сечете ја како торта и секое парче послужете го со шеќер во прав и цимет.

isprobajte-karamel-pita-so-jabolka-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg