Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа

Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со најразлични полнежи внатре.

recept-za-turski-gjevrechinja-meki-kako-dusha-01.jpg

Основното тесто се подготвува многу лесно, а може да ги направат и почетници во кујна.

Како да ги подготвите?

Потребни состојки:

  • 250ml млеко (млако);
  • 150ml вода (млака);
  • 150ml сончогледово масло;
  • ½ лажиче сол;
  • 2 големи лажици шеќер;
  • 1 пакетче сув квасец;
  • 1 белка од јајце;
  • 700g брашно;
  • По 1 лажиче омекнат путер за секоја ачма;
  • 1 жолчка од јајце;
  • Сусам.

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се става млеко, вода, масло, сол, шеќер и се мешаат добро;
  • Потоа се додава квасец, белка од јајце и полека се додава брашно, па се замесува меко тесто;
  • Тестото се прекрива и се остава да нарасне околу 45 минути;
  • По ова, тестото се става на работна површина и се дели на 12 топчиња, па се става по една лажичка путер на секое топче;
  • Од секое топче се прави по една кифла, која се истегнува и од неа се формира ѓеврече;
  • Рерната се загрева на температура од 170 степени Целзиусови;
  • Ѓевречињата се ставаат на плех обложен со хартија и се оставаат прекриени со крпа да стасаат околу 20 до 30 минути;
  • Ѓевречињата се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам, па се ставаат да се печат околу 25 до 30 минути или додека да станат златно кафеави;
  • Откако ќе се испечат, може да се прекријат со крпа уште 10 до 15 минути за да станат уште помеки.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg