2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг

Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и маслинки и сенф. Два посни рецепта што сигурно ќе ви се допаднат.

2-recepta-za-posnoto-meni-na-sveti-nikola-shto-mozhe-da-gi-podgotvite-i-vo-posleden-mig-02.jpg

Компир салатата е одлична со риба, а овој пат ви предлагаме да ја подготвите по класичен грчки рецепт, со маслинки и малку сенф. Рибата, наместо да ја пржите, можете да ја потпечете во Air Fryer, без да плива во масло.

За посната трпеза на Свети Никола најчесто се подготвуваат сарми, риба и салати, а овој пат ви предлагаме два брзи рецепта што може да ги подготвите буквално на денот на славата и да не изгубите цел ден во кујната.

Грчка компир салата

Потребни состојки:

За салата:

  • 1,5kg млад компир;
  • 1 лажичка сол;
  • 1 мал црвен кромид;
  • 3 млади кромитчиња (ситно исечкани);
  • 1 китка ливчиња од магдонос (ситно исечкани):
  • Неколку гранчиња свеж копар (ситно исечкан);
  • 100g каламата маслинки (исчистени од семки и исечени на половинки);

За прелив:

  • 4 големи лажици вински оцет;
  • 1 голема лажица сенф;
  • 1 мала лажичка оригано;
  • 2 чешниња лук (столчени или изрендани);
  • 1 мала лажичка сол;
  • Малку црн бибер;
  • 120ml маслиново масло.

Начин на подготовка:

  • Компирите се варат измиени и неизлупени со една лажица сол;
  • Во мал сад ставете оцет, сенф, оригано, лук, сол и црн бибер и измешајте ги, па потоа полека додавајте по малку маслиново масло со постојано мешање, додека сите состојки не се соединат;
  • Сварените компири се процедуваат и се оставаат да се изладат за да можете да ги излупите;
  • Компирите се сечкаат на коцкички и се ставаат во длабок сад;
  • Се додава кромид, магдонос, копар и маслинки;
  • Преливот се промешува уште еднаш и се прелева салатата;
  • Нежно размешајте ги состојките;
  • Салатата се сервира кога е на собна температура.

2-recepta-za-posnoto-meni-na-sveti-nikola-shto-mozhe-da-gi-podgotvite-i-vo-posleden-mig-02_1.jpg

Потпечени филети од риба во Air Fryer

Потребни состојки:

  • 800g филети од риба;
  • 1 лажица маслиново масло (или сончогледово);
  • 50g презла;
  • ½ мала лажичка црвен пипер;
  • ½ мала лажичка црн бибер;
  • Прстофат лук во прав;
  • ½ лажичка сол.

Начин на подготовка:

  • Ако користите смрзнати филети ќе треба да ги одмрзнете;
  • Попрскајте ги со масло;
  • Во мал сад промешајте презла со црвен пипер, црн бибер, лук во прав и сол;
  • Обложете ја секоја филета со презла и ставете ја во корпата на апаратот за готвење со топол воздух;
  • Печете ги филетите на температура од 200 степени Целзиусови, околу 15 минути. По првите 8-10 минути, превртете ги филетите за да се испечат рамномерно.
  • Ако немате Air Fryer, рибата можете да ја ставите во плех и да ја печете во рерна на температура од 200 степени околу 20 минути.

2-recepta-za-posnoto-meni-na-sveti-nikola-shto-mozhe-da-gi-podgotvite-i-vo-posleden-mig-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вртени кифлички со лук и путер, меки „како душа“ Тестото е меко како душа, а вкусот - фантастичен... Па, зошто уште денес да не п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg