Вртени кифлички со лук и путер, меки „како душа“

Тестото е меко како душа, а вкусот - фантастичен... Па, зошто уште денес да не пробате да направите вакви кифлички со путер и лук?  

meki-vrteni-kiflichki-so-luk-i-puter-video-01.jpg

Рецептот за меки кифлички со лук, путер и магдонос е вистински хит на Инстаграм. Бидејќи се вртат и спојуваат, кифличките делуваат како погача. Пробајте ги, нема да се разочарате. 

Потребни состојки:

  • 170g кисела павлака
  • 1 јајце
  • 25g шеќер
  • 495g брашно
  • 9g сол
  • 25g путер
  • 40g млеко
  • 5g инстант квасец
  • 90g млеко
  • 90g вода
  • 30g брашно

Фил:

  • 4 лажици путер омекнат
  • 1 лажичка сол
  • 1/3 шолја сечкан магдонос (или комбинација од билки што ја сакате)
  • 2-3 цели главици лук

meki-vrteni-kiflichki-so-luk-i-puter-video-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Испечете го лукот. Исечете ја секоја главица на половина, премачкајте со маслиново масло и затворете ја во алуминиумска фолија. Печете 45 минути до 1 час на 200 степени за да омекне. 
  • Изладете го на собна температура.
  • Во длабок сад спојте 90g млеко со 90g вода и 30g брашно. Матете додека да добиете мазна смеса без грутчиња, па ставете го садот на оган, на средна топлина. 
  • Продолжете да матите без престан, додека не добиете смеса што ќе наликува на пире од компири. Тргнете го садот од оган и оставете да се излади 5 мин.
  • Во друг длабок сад ставете ги сите состојки за тестото (освен путерот) и изладената смеса. Месете за тестото убаво да се соедини. Дури потоа додадете го путерот и месете уште малку (состојките можете да ги споите и со електрична маталка наместо со рака). 
  • Тестото ставете го во сад, покријте го и оставете го да нарасне околу 1,5 час или додека не се удвои во големина.
  • Поделете го на 9 еднакви делови и формирајте топчиња. Покријте ги топчињата и оставете да отстојат уште 10 мин.
  • Во меѓувреме подмачкајте тава со димензии 23х23cm за да биде подготвена да ги наредите вртените кифлички. 
  • Подгответе го филот за премачкување на кифличките: соединете ги сите состојки, но ако путерот ви е премногу мек, ставете го во фрижидер да се излади малку. Путерот треба да се размачкува, но не и да се топи.
  • Секое топче тесто расукајте го во овална форма. Одозгора премачкајте дел од филот, а потоа исечете го по должина, но не до крај (како што е прикажано на видеото подолу).
  • Фалете ги двата краја од тестото и вртете ги, па спојте ги во вид на јазол.
  • Кога ќе ја повторите постапката со сите топчиња, наредете ги во тавата за печење и оставете ги околу полоовина час да нараснат.
  • Премачкајте ги вртените кифли со јајце и печете 25-30 минути или додека не поруменат, на 180-200 степени. 
  • Послужете ги млаки.

Видео постапка:

View this post on Instagram

A post shared by Kim | Home Baker & Digital Creator (@cookim_mama)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg