Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
-->
Покрај вообичаените кајгана или јајце на око, кои најчесто се користени кај нас, добро е да погледнеме еден поинаков рецепт за овој често подготвуван оброк.
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подготвуваме за појадок.
-->
На Инстаграм доста популарни се јајцата приготвени на турски начин. Можете да го направите оброкот со поширани, но и со пржени јајца „на око“ доколку не сте многу вешти во кујна.
Потребни состојки:
- 4 поширани или пржени јајца
- 300g кисело млеко (или павлака за поинтензивен вкус)
- Сол по вкус
- 2 лажици сусам
- Бибер
- 80g путер
- 2 лажички мелени чили пиперки
- 2 чешниња лук (изгмечени)
Начин на подготовка:
- Во мало тенџере и на тивок оган растопете го путерот.
- Додајте го лукот и пржете додека не омекне и не го изгуби јакиот мирис.
- Додајте ги и чили пиперките и сè заедно пржете уште 1-2 минути.
- Киселото млеко (или павлаката) измешано со сол се става во мали, длабоки чинии.
- Одозгора се ставаат врелите пошпирани или пржени јајца.
- Јајцата прелијте ги со преливот од путер, лук и чили пиперки.
- Зачинете со сол и бибер по вкус и одозгора посипете со сусам.
М. Ѓ | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола
Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Јајца на око со виршли во форма на цветови - децата ќе ги обожаваат (видео)
Едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се спрема бр...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вртени кифлички со лук и путер, меки „како душа“
Тестото е меко како душа, а вкусот - фантастичен... Па, зошто уште денес да не п...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа
Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
-->