Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал

Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте го овој мусака ролат, за којшто веруваме дека сите ќе ви го бараат рецептот.

vikend-ruchek-musaka-rolat-so-meleno-meso-i-rastopen-kashkaval-01.jpg

Подгответе малку поинаква мусака од онаа на којашто сте навикнати. Веруваме дека пријатно ќе ги изненадите домашните со овој несекојдневен ручек.

Потребни состојки:

За кора:

  • 1kg компири;
  • 1,5 мала лажичка сол;
  • 100g кашкавал;
  • 1 голема лажица маслиново масло;

За фил:

  • 30ml сончогледово масло;
  • 200g кромид;
  • 3 чешниња лук;
  • 700g мелено месо;
  • 50g доматен сос;
  • 1,5 мала лажичка сол;
  • 1 мала лажичка црн бибер;
  • 1 мала лажичка црвен пипер (и други лути зачини по вкус);
  • 30g ситно исечкан коријандер;
  • 200 g кашкавал.

За сос:

  • 100g мајонез;
  • 20ml сок од лимон;
  • Зачини по вкус (копар, црн бибер, лук во прав);
  • 1 мала лажичка сол.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 200 степени;
  • Компирите се лупат и се мијат, па се сечат на тенки крукчиња и се посолуваат;
  • Се зема обложен плех со хартија, на него се распоредува изрендан кашкавал, па се редат крукчињата од компири без да има празно место меѓу нив и се полеваат со малку маслиново масло;
  • Се ставаат да се печат на температура од 200 степени околу 25 минути;
  • Откако ќе се испечат, кората од компири се вади и се наросува со уште малку изрендан кашкавал;
  • Во меѓувреме во тава на рингла се става малку сончогледово масло и се динста кромидот, па му се додава ситно исечкан лук и мелено месо;
  • Откако ќе се пропржи месото се додава доматен сос, сол, бибер. Црвен пипер и други зачини по вкус;
  • На крај му се додава свеж коријандер и се меша;
  • Готовиот фил од мелено месо, се распоредува врз потпечените компири, па се наросува со рендан кашкавал и со помош на хартијата за печење се обликува ролат;
  • Врз ролатот се додава уште малку изрендан кашкавал и ролатот се става во рерна на 200 степени уште 5 минути;
  • Од наброените состојки се подготвува сос и парчињата ролат се сервираат со него.

Видео упатство:

View this post on Instagram

A post shared by appetizing.tv (@appetizing.tv)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Сочен викенд ручек: Свински кременадли на скара со прелив од мед Свинските кременадли со глазура од мед можете да ги пробате за продолжени викенд...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вртени кифлички со лук и путер, меки „како душа“ Тестото е меко како душа, а вкусот - фантастичен... Па, зошто уште денес да не п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg