Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа

Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат за да ги пробате...

recept-za-pogachi-so-mocarela-i-kopar-meki-kako-dusha-01.jpg

Ако ви здодеаја класичните рецепти за кифли или печива, тогаш е време за нешто ново - погачи со моцарела и копар. Верувајте, сите ќе ги обожаваат.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 125g путер (на собна температура)
  • 1 шолја јогурт
  • 125ml масло
  • 1 цело јајце и 1 белка
  • 2 лажици оцет
  • 1 ½ пакетче прашок за печиво
  • 1 ½ лажичка сол
  • 1 китка ситно сечкан копар
  • 4 ½ до 5 шолји брашно

За полнење:

  • 200g моцарела
  • 100g рендан чедар кашкавал

За премачкување:

  • 1 жолчка
  • 1 лажица масло
  • 1 лажичка јогурт

Начин на подготовка:

  • Сите состојки, освен жолчката од едното јајце, се ставаат во сад и се замесува тестото. Треба да е меко, па затоа по четвртата шолја брашното се додава малку по малку за да се добие посакуваната цврстина.
  • Тестото се покрива, се остава да одмори 10-15 минути и потоа се дели на 20-22 парчиња.
  • Секое парче се сплескува со рака и во средината се става парче моцарела и рендан чедар, па се витка во вид на погачка.
  • Сите погачки се редат врз плех обложен со хартија за печење и се оставаат 10-тина минути.
  • Секоја погача се премачкува со смеса од жолчка, јогурт и масло.
  • Се печат во загреана рерна на 200ºC околу 30 минути.
  • Се послужуваат додека се уште топли.

recept-za-pogachi-so-mocarela-i-kopar-meki-kako-dusha-03.jpg

recept-za-pogachi-so-mocarela-i-kopar-meki-kako-dusha-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вртени кифлички со лук и путер, меки „како душа“ Тестото е меко како душа, а вкусот - фантастичен... Па, зошто уште денес да не п...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg