Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер

Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините никако поинаку.

recept-za-kolach-od-mandarini-i-pregoren-shekjer-01.jpg

Во сезоната на мандарини, подгответе го овој брз, а вкусен колач.

Лесен е за подготовка, а прегорениот шеќер му дава пикантна нота која ќе ве воодушеви.

Потребни состојки:

  • 4-5 мандарини
  • 1 јајце
  • 50g шеќер
  • 60ml масло
  • 100ml млеко
  • 170g пченично брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 20g путер
  • 20g шеќер

Начин на подготовка:

  • Излупете ги мандарините и пресечете ги на половина, па тргнете ги на страна.
  • Во длабок сад ставете 1 јајце и 50g шеќер, па изматете ги со рачна маталка.
  • Во смесата додајте 60ml масло и 100ml млеко, па повторно измешајте за да ги споите состојките.
  • На крај додајте 170g пченично брашно и 1 лажичка прашок за печиво. Треба да добиете густа, мазна смеса.
  • Загрејте тава на тивок оган и во неа ставете 20g путер и 20g шеќер. Мешајте додека шеќерот не почне да се карамелизира.
  • Врз карамелизираниот шеќер ставете ги половинките мандарини.
  • Врз нив истурете го тестото, па поклопете го со капак и печете околу 10 минути (без да го отворате колачот).
  • Превртете го колачот на чинија, оставете да остине и послужете го.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg