Рецепт за ѓевречиња со фета сирење

Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња се превкусни.

recept-za-lisnati-gjevrechinja-so-feta-sirenje-01.jpg

Скоро и да не постои човек кој не сака што било направено од тесто. А, кога домашното тесто ќе го споите со фета сирење и малку моцарела, вкусот е совршен.

Како да направите ѓевречиња со фета?

Потребни состојки:

За тестото:

  • 310ml млако млеко
  • 7g инстант квасец
  • 85g стопен посолен путер
  • 480g брашно

За филот:

  • 200g фета
  • 200g рендана моцарела
  • 1-2 лажички оригано
  • Сол и бибер (по вкус)

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставајте ги состојките за тестото по наведениот редослед и мешајте додека убаво не се соединат. Префрлете го на набрашнета површина и месете околу 5 минути.
  • Покријте го и оставете го да одмори околу 1 час, а во овој период треба да се удвои во големината.
  • Откако ќе нарасне, исечете го на 4 дела. Секое парче развлечете го во правоаголник со слична големина и тргнете го настрана.
  • Сите состојки за филот спојте ги во посебен сад, па врз првото тесто ставете 1/3 од филот. Врз него ставете го второто тесто, па повторно фил.
  • Кога ќе ги наредите сите кори (најгоре да биде тестото), расукајте за да добиете една голема кора, но внимавајте да не излезе филот.
  • Со тркалце за сечење пица, кората пресечете ја на хоризонтално на половина, а потоа сечете вертикално за да добиете 16 парчиња.
  • Земајте две по две парчиња, ставете ги едно врз друго, малку развлечете ги со рацете, па вртете го и обликувајте во вид на ѓеврек (како што е прикажано во видеото).
  • Наредете ги ѓевречињата во тава, обложена со хартија за печење и оставете ги да отстојат околу 40 минути.
  • Вклучете ја рерната на 180 степени.
  • Пред печење, премачкајте ги ѓевречињата со малку растопен путер. Печете 25-30 минути додека не поруменат.
  • Послужете ги топли.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg