Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон

Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ги пробате во комбинација со лимон и пилешко месо - нема да се покаете.

recept-za-kremasto-orzo-so-pileshko-i-limon-01.jpg

Орзо се тестенини кои визуелно потсетуваат на ориз (оттаму и името), но имаат вкус на класични тестенини.

Може да се купат и во маркетите кај нас (а можеби сте ги виделе и во Lidl).

Овој пат ви нудиме рецепт за кремасто орзо, со комбинација со лимон и пилешки гради... вкусно, прсти да излижеш!

Потребни состојки:

  • 1 парче пилешки гради
  • Сол, бибер, лук во прав (за да го зачините пилешкото)
  • 2,5 шолји орзо
  • ¼ шолја бело вино
  • 2 лажици сечкан кромид
  • 3 чешниња чук (ситно сечкан)
  • 2 шолји пилешка супа (направете ја од пилешка коцка или сварете пилешка супа, а потоа процедете ја само течноста)
  • 1/3 шолја неутрална павлака
  • Сок од ½ лимон
  • 1,5 лажици свеж магдонос
  • ½ шолја пармезан

Начин на подготовка:

  • Зачинете го пилешкото со сол, бибер и лук во прав (по вкус).
  • Загрејте ја тавата за пржење на среден оган, па испржете ги пилешките гради (додека убаво не поруменат) на многу малку масло. Кога ќе бидат готови тргнете ги на страна.
  • Во истото масло додајте ги лукот и кромидот исечкани на многу ситни парченца, а штом малку се запржат, прелијте ги со белото вино.
  • Во смесата додајте ја и пилешката супа и штом почне да врие, ставете го и орзото.
  • Гответе со повремено мешање околу 8-10 минути (или според упатството на пакувањето).
  • Кога орзото ќе биде сварено, додадете ги неутралната павлака, сокот од лимон и ренданиот пармезан.
  • Најгоре ставете го пилешкото, декорирајте со свеж магдонос и послужете го додека е топло.

Бонус видео:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg