Едноставен рецепт: Брз какао колач

Нема кој не сака слатки чоколадни десерти, посебно најмалите. Но, тоа не значи дека треба многу да се мачите во кујната и да подготвувате комплицирани рецепти.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-01.jpg

Напротив, можете да направите нешто едноставно и навистина вкусно.

Еве една идеја:

Потребно време за подготовка: 10 минути

Потребно време за печење: 45 минути

Температура на печење: 170 степени


Потребни состојки:

  • 2 шолји шеќер
  • 1 и ¾ шолји брашно
  • ¾ шолја какао
  • Малку сол
  • ½ кесичка прашак за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица цимет
  • Малку сода бикарбона
  • 1 шолја млеко
  • ½ шолја масло
  • 2 јајца


Глазура:

  • 100g чоколадо за готвење
  • 40g путер


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Во еден сад ставете ги млекото, маслото и јајцата. Во друг сад, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот, солта, сода бикарбоната и какаото. Помешајте ги состојките одвоено, па потоа полека со миксер започнете да ги додавате „сувите“ состојки на „мокрите“.

Калапот или садот во кој ќе го печете колачот посипете го со какао, а потоа додадете ја смесата. Печете во претходно загреана рерна околу 45 минути.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-1.jpg

Откако ќе го извадите колачот од рерната, на него можете да ставите глазура по желба, добиена со топење на чоколадо и путер или едноставно да го посипете со шеќер во прав.

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-2.jpg

На здравје!

ednostaven-recept-brz-kakao-kolac-3.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Омилен појадок за сите што сакаат сендвичи со растопен кашкавал – Како се прави Pizza Lava? Растопен кашкавал во средината, но и на површината на сендвичот. Знаете ли како ...
Брза Несквик торта со готово тесто - Идеален рецепт за сите сладокусци Сакате да подготвите нешто слатко и вкусно, а да не ви одземе многу време? Проба...
Ќе барате уште една порција: Вкусни ролнички од пилешки стек, полнети со кашкавал Немате идеја што да подготвите за ручек? Овој брз специјалитет ќе ги освои сите....
Орео колач во микробранова, готов за 5 минути Вкусен чоколаден колач со Орео кој се топи во устата и се подготува во микробран...
Брзи пица триаголници со готово лиснато тесто Лиснатите пица триаголници со готово тесто се совршен избор за ужинка, вечера ил...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg