Пилешки стек на нов начин - полнет со спанаќ и кашкавал

Ако сте љубители на пилешко месо, но веќе ви е здосадено класичното подготвување на ова месо, ви нудиме интересен рецепт кој сигурно ќе ви се допадне.

pileshki-stek-na-nov-nacin-polnet-so-spanakj-i-kashkaval-001.jpg

Вкусен, здрав, лесен и брз со еден збор идеален за брз ручек кога ќе се вратите од работа и сакате да го изненадите партнерот со нешто убаво и здраво.

Потребни состојки:

  • Масло
  • 50g свеж спанаќ
  • 50g сирење рикота
  • 2 парчиња пилешки гради
  • 20g кашкавал чедар
  • Црвен пипер
  • Сол
  • Бибер


Подготовка:

Пропржете го спанаќот на малку масло околу 2-3 минути додека целосно не омекне. Додадете ја рикотата и гответе уште 30-60 секунди. Тргнете го настрана и оставете да се олади.

Направете засеци на пилешките гради на растојание од околу 1cm. Наполнете ги засеците со смесата од спанаќ и рикота. Зачинете го пилешкото со сол и бибер.

Изрендајте го чедарот и ставете го врз пилешките гради. Наросете со црвена пипер за да добие боја и посебен вкус.

Печете во претходно загреана рерна околу 25-30 минути на температура од 200 степени. Јадењето е готово кога кашкавалот ќе се стопи, а течностите ќе испарат.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни тортелини со пилешко на италијански начин, готови за 30 минути Поради спојот од вкусови – спанаќ, пилешко, домати и кашкавал, овие тортелини ќе...
3 брзи мезиња за новогодишната трпеза Брзи залчиња од зденки на крекери, корнети со пилешка салата, или крцкави нового...
Рецепт за лесни велигденски зајчиња полнети со Нутела Се прават од готово лиснато тесто, само треба да го намачкате со Нутела и да нап...
Безглутенска пица со тесто од ориз и пилешко во доматен сос Направете ја оваа безглутенска пица од ориз со пилешко месо уште викендов, ќе ѝ ...
Фенси појадок што ќе им успее и на оние што не ги бива во кујна Како да направите фенси појадок за гостите што сакате да ги импресионирате со св...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg