Најлесната чоколадна торта за која ви требаат само 3 состојки

Откако ќе го изгледате видеото за подготовка на овој рецепт, веројатно веднаш ќе влезете во кујна.

najlesnata-chokoladna-torta-za-koja-vi-trebaat-samo-3-sostojki-01.jpg

Оваа чоколадна торта која се топи во уста се подготвува со само неколку состојки и на многу лесен начин.

Тешко дека ќе одолеете на нејзиниот сочен изглед и вкус и веднаш ќе посакате да ја пробате, а ќе барате и репете.

Како да ја подготвите најлесната, сочна, чоколадна торта која се топи во уста?

Потребни состојки:

  • Чоколаден крем со лешници
  • 400 g чоколадни бисквити
  • 125 g густ јогурт или павлака

Начин на подготовка:

Искршете ги бисквитите и во нив додадете јогурт/павлака. Соединете ја смесата и со половина од неа формирајте едно округло тесто и тргнете го на страна.

Со другата половина формирајте уште едно округло тесто врз кое ќе го истурите и намачкате кремот и ќе покриете со другото тесто.

Декорирајте со многу какао и додатоци по желба и оставете ја во фрижидер 60 минути.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се напр...
Викенд ручек: Солена торта од шпагети со карбонара сос Наместо класични карбонара шпагети можете да ги изненадите најблиските и да напр...
Ќе барате уште едно парче: Брза торта со бисквити и афион Од оваа смеса може да се прават и бомбици и бајадери, а оваа брза торта ќе ве ос...
Рецепт за брзи мини крофни, што секогаш успева Крофните се еден од омилените десерти за сите генерации. Со помош на овој рецепт...
Превкусна, а лесна - торта „Црна шума“ со вишни и чоколадо Тортата „Црна шума“ (Black forest) го добила името поради идеалната комбинација ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg