Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
-->
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За овој ролат ќе ви требаат само 3 состојки, а по желба можете да додадете и ф'стаци или лешници.
Српската инфлуенсерка Јована Филиповиќ на својот Инстаграм профил објави кратко видео во кое го подготвува најбрзиот и најевтин десерт, што се подготвува од готови состојки.
-->
Состојките во ова видео се основни, а вие по желба можете да додадете сечкани лешници, ореви или ф'стаци.
Потребни состојки:
- 500g локум;
- 200g потпечен сусам;
- Шеќер во прав за посипување;
- Масло за јадење за премачкување на рацете.
Начин на подготовка:
- Сусамот се потпекува на сува тава, околу 5 минути и треба да биде топол кога го месите ролатот;
- Во длабок сад се става локумот и рацете се премачкуваат со масло;
- Локумот се меси како тесто и му се додава топол сусам, па дополнително се размесува;
- Од готовото тесто се формира ролат и се посипува со шеќер во прав, па се витка во алуминиумска фолија;
- Готовиот ролат се остава да се олади околу еден час во ладилник.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела
Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите
Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
-->