Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела

Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и одлични состојки овој вкусен рецепт е можеби токму тоа. 

zdravo-i-neodolivo-polneti-piperki-so-spanakj-i-mocarela-01.jpg

Одличен начин рецепт кој ја трансформира обичната пиперка во вкусно, вегетаријанско задоволство што ќе ги задоволи дури и најпребирливите луѓе.

Полнетите пиперки одамна се популарно јадење на Балканот, а овој рецепт дава прекрасен пресврт на класиката. Секој залак нуди прекрасна комбинација од пиперка, спанаќ и вкусови на сирење што ќе ве натера да копнеете за повеќе.

zdravo-i-neodolivo-polneti-piperki-so-spanakj-i-mocarela-03.jpg

Потребни состојки (за 1 или 2 порции):

  • 4 црвени пиперки, пресечени на половина
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 мали кромидчиња или 1 голем, исечкан на коцки
  • 4 чешниња лук (мелен)
  • 4 шолји свеж спанаќ или 400g замрзнат
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка црн пипер
  • ⅛ лажичка мелено морско оревче
  • 2 ½ чаша рендана моцарела (поделено на два дела)
  • 350g рикота сирење

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
  • Ставете ги пиперките во сад за печење. Печете 10 минути.
  • Додека пиперките се во рерна, загрејте го маслиновото масло во голема тава на средна топлина. Додадете го кромидот и лукот и пржете.
  • Додадете ги спанаќот, солта, црниот пипер и морското оревче. Гответе додека спанаќот не биде готов.
  • Намалете ја топлината на минимум и измешајте само 1 ½ шолја моцарела и целата рикота. Гответе со постојано мешање додека миксот од сирења не се растопи. Вкусете и додадете повеќе сол, по желба.
  • Поделете ја смесата рамномерно помеѓу сите пиперки. Одозгора додадете ја преостанатата моцарела. Вратете во рерна и печете уште 10 минути или додека моцарелата не добие кафеава боја и малку крцкав изглед.
  • Уживајте во вкусовите!

zdravo-i-neodolivo-polneti-piperki-so-spanakj-i-mocarela-02.jpg

M. Г. | Црнобело / фото: hungryfoodie.com

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg