Кои намирници се безбедни за јадење кога имате киселини во стомакот?

Ако сакате оброк богат со протеини, но имате киселини, нема да погрешите со печено пилешко или печена риба. Ако сакате нешто полесно, изедете парче лубеница.

koi-namirnici-se-bezbedni-za-jadenje-koga-imate-kiselini-vo-stomakot01.jpg

Киселините во стомакот се честа појава со која сме се соочиле сите.

Ова непријатно чувство настанува кога киселините од желудникот се враќаат во хранопроводот и предизвикуваат иритација.

Кај некои луѓе овој проблем се јавува повремено, обично поради храната што ја изеле, но кај некои може да биде честа појава.

Доколку спаѓате во втората категорија, секогаш е добро да се консултирате со лекар за го утврдите коренот на проблемот и да се ослободите од непријатната појава.

Без разлика дали често имате киселини или само повремено, постојат намирници кои можат да ги ублажат симптомите.

Дел од нив во продолжение:

Банани

Повеќето видови овошје имаат високо ниво на киселини, но не и бананите.

Па, ова ги прави одлична храна кога имате проблем со киселини.

koi-namirnici-se-bezbedni-za-jadenje-koga-imate-kiselini-vo-stomakot-02.jpg

Алое вера

Алое верата има бројни антибактериски и антиоксидантни својства, а со тоа и бројни придобивки за здравјето.

Сокот од алое вера може да ги намали и киселините во стомакот.

koi-namirnici-se-bezbedni-za-jadenje-koga-imate-kiselini-vo-stomakot-03.jpg

Овесна каша

Овесот е храна која не е кисела, па е одличен избор за деновите кога стомакот ви е иритиран.

Покрај тоа, овесот е богат со хранливи влакна благодарение на кои подолго ќе ве држи сити.

koi-namirnici-se-bezbedni-za-jadenje-koga-imate-kiselini-vo-stomakot-04.jpg

Зелен лиснат зеленчук

Зелениот лиснат зеленчук, како марула и спанаќ, има ниско ниво на киселини.

Само кога го јадете внимавајте да не го мешате со покисел зеленчук, како домати и кромид.

koi-namirnici-se-bezbedni-za-jadenje-koga-imate-kiselini-vo-stomakot-05.jpg

Ѓумбир

Многу култури го користат ѓумбирот за проблеми со стомакот, вклучувајќи киселини.

Но, важно е да бидете умерени со него.

Доволно е да додадете малку ѓумбир во храната или да испиете шолја чај од ѓумбир.

koi-namirnici-se-bezbedni-za-jadenje-koga-imate-kiselini-vo-stomakot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg