Со храна против стресот

Современиот и брз начин на живот го прави своето. Современиот човек денес се наоѓа под засилено влијание на разни фактори. Постојаниот притисок да се адаптира организмот кон се побрзите случувања и зачестени промени во околината има свое влијание и врз општото здравје.

so-hranata-protiv-stresot-01.jpg

Секојдневно се соочуваме и ги чувствуваме последиците од стресот на работното место, дома, општо во сите сфери на животот. Се смета дека дури 75 % од посетите на лекар се поврзани со стресот кој е причина и за понатамошната појава на разни болести.

Основни симптоми на стресот се постојаниот замор, депресијата, анксиозноста, чести промени во расположението како и дигестивни проблеми.

Како идеално решение за ваквата состојба често се препорачуваат редовно вежбање, прошетки во природа, масажа, јога, но исто така она што ќе избереме да го вклучиме во нашата исхрана има големо влијание во намалувањето на стресот.

Аспарагус

Во минатото аспарагусот се сметал за афродизијак. Но и покрај неговата спосбност подобро да не расположи, овој зеленчук содржи низа  хранливи состојки кои се одлични за нашето здравје. Аспарагусот освен што e богат со витамин К и фолна киселина, содржи и многу антиоксиданси, вклучувајќи го вититаминoт Ц, бета каротинот, витаминот Е, минералите цинк, манган и селен, но и една особено важна амино киселина која помага за производството на серотонин кој е одговорен за нашето добро расположение. 

so-hranata-protiv-stresot-02.jpg


Спанаќ

Едно од најмоќните „оружја“ во борбата со стресот претставува токму спанаќот. Богат e со витамините А, К, големи количества на витамин Ц и фолна киселина кои помагаат во стабилизирањето на расположението и добриот сон. Особено е богат со магнезиум, минерал кој помага да се релаксираат нервите и мускулите и да се создаде чувство на смиреност.

so-hranata-protiv-stresot-03.jpg


Риба

Масните риби како што се лососот и туната се екстремно богати со омега 3 масни киселини, кои помагаат во прозиводството на серотонин. ДХА киселината која се содржи во омега 3 мастите помага во работата на мозокот додека се бори со хормоните на стресот. Се смета дека со консумирањето на околу 300 грамa од оваа риба нивото на анксиозност може да се намали до 20%. Дополнително омега 3 помага и во намалувањето на воспаленијата како и стабилизација на крвниот притисок, двете состојби поврзани со хроничниот стрес. Помага и при срцеви заболувања, депресија и ПМС.

so-hranata-protiv-stresot-04.jpg


Семки од тиква

Свежите, несолени семки од тиква се одличен извор на состојки кои делуваат анти стресно. Тие се богати со магнезиум, минерал кој е витален за одржување на здрав нервен систем, со тоа што го регулира производството на енергија и ги релаксира мускулите во телото. Недостатокот на магнезиум може да доведе до појава на анксиозност но и да ја стимулира желбата за јадење (најчесто водејќи кон погрешен избор на храна). Семките од тиква се исто така одличен извор на минерали како железо, бакар и цинк, минерал кој е посебно значаен за нашиот имунолошки систем како и во битката против стресот. Не можеме a да не ги спомнеме и витамините Е, К, и Б кои се значајни за менталната релаксација, но и многу ниското ниво на јаглехидрати во семките. Со еден збор тие се многу здрава закуска и одлична анти стрес храна.

so-hranata-protiv-stresot-05.jpg


Брокула

Брокулата e уште едно од растенијата богати со фитохемикалии. Таа содржи големо количество на биоактивни состојки како витаминот Е, витаминот Ц кој кај брокулата е застапен и во многу поголемо количество отколку кај портокалот. Брокулата e богата и со витамин А, фолна киселина како и низа моќни антиоксиданси кои помагаат во борбата со стресот, анксиозноста па дури и депресијата.

so-hranata-protiv-stresot-06.jpg


Млеко

Млекото е одличен лек во борбата против стресот. Тоа содржи фосфолипиди, кои го враќаат балансот и функцијата на организмот и ги нормализираат когнитивните способности кои се намалени додека сме изложени на стресни ситуации. Млекото е богато и со антиоксиданси, витамини Б2  и Б12, како и протеини и калциум. Протеинот лактиум во млекото го намалува крвниот притисок, додека калиумот помага да се смири згрченоста на мускулите која настанува кога се чувствуваме напнато. Чаша млеко пред спиење е совршен избор доколку се соочиме со несоница.

so-hranata-protiv-stresot-07.jpg


Житарици

Житариците како едно од најомилените јадења за појадок, може навистина да помогнaт во битката со стресот. Со оглед на тоа дека тие содржат сложени јаглехидрати, помагаат во продукцијата на серотонин, односно хормонот на среќата. Овој хормон помага да се надминат симптомите на анксиозноста. Дополнително на тоа житарките се богати и со магнезиум и калиум, минерали кои добро влијаат и на регулирањето на крвниот притисок.

so-hranata-protiv-stresot-08.jpg

Се разбира, на крајот не е само храната онаа која ќе ни помогне да ги надминеме сите стресни ситуации со кои се соочуваме секојденвно. Во целиот пренатрупан распоред кој го имаме треба да си посветиме време и себеси.

Послушајте добра музика, прошетајте, посетете некој убав ресторан и опуштете се во пријатна атмосфера со пријателите проследена со чаша добро вино.

Таква опуштена атмосфера ние создадовме за вас во ресторан Венето. Дојдете и уверете се, стресот ќе исчезне за миг.

so-hranata-protiv-stresot-09.jpg

Би можело да ве интересира:

Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
Намирници кои никогаш не треба да ги консумирате сирови (и зошто) Сите знаеме дека треба да избегнуваме сурово месо и јајца. Сепак, постојат и мно...
Храна што треба да ја јадете почесто во зима (помага во борбата со настинките) Генерално, семките се многу важни за здравјето, но, кога станува збор ...
Суво овошје што не треба да го консумирате на празен стомак (без да го комбинирате со друга храна) Многу е важно како ќе го започнеме денот, а здравата исхрана може да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg