Трикови за готвење кои ќе ве направат магионичар во кујната

Секој „просечен“ готвач ќе ви каже дека е невозможно да послужите цели, нераспаднати тортелини и дека нема шанса да не пуштите солза додека го сечете кромидот.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-1.jpg

Очигледно, оној кој тврди така не ги знае вистинските трикови.

Овојпат ви откриваме 10 штосни трикови со кои ќе станете магионичар во кујна:

1. Топчиња од густа павлака

За декорација користете топчиња и форми од павлака кои се прават само од павлака и прехранбена боја по желба. Измешајте, префрлете во шприц за шлаг и замрзнете 1 час. Потоа правете какви облици сакате.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-2.jpg

2. Сечење кромид без солзи

Само ставете го во замрзнувач 15 минути пред да го сечете.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-3.jpg

3. Како јајцата да се лупат полесно?

Варените јајца ќе се излупат за секунда ако во водата во која ги варите додадете 4-5 капки лимон.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-4.jpg

4. Тајната на нераспаднатите тортелини

При варењето додадете малку сол и ловоров лист. Кога водата ќе зоврие, додадете чаша ладна вода. Продолжете да варите уште 4-5 минути.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-5.jpg

5. Кога немате јајца за рецептот, заменете го со половина банана. Рецептот ќе биде ист, ако не и повкусен.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-6.jpg

6. Вкусното и ароматично кафе во себе има неколку зрна сол и малку цимет. Тоа е тајната.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-7.jpg

7. Брзо лупење на лук

Пред да го лупите, ставете го 15 секунди во микробранова.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-8.jpg

8. Како да одберете вкусна пиперка?

Погледнете го дното. Пиперката која има 3 дела е „машка“ и е послатка и е подобра за свежо консумирање. Пиперката до 4 дела е „девојче“ и е подобра за варење, печење и за во било какви манџи и ручеци.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-9.jpg

9. Ролатите сечете ги со конец за заби, за внатрешноста да не се распадне.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-10.jpg

10. Како печениот компир да не биде жив во средина?

Исечкајте го како на сликата, пополнете го со парчиња путер и печете 40 минути на 220 степени.

trikovi-za-gotvenje-koi-ke-ve-napravat-magionicar-vo-kunata-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg