8 изненадувачки придобивки од кафеавиот ориз

Кафеавиот ориз е многу поздрав и побогат со хранливи материи од белиот.

8-iznenaduvacki-pridobivki-od-kafeaviot-oriza-koi-ne-ste-znaele-01.jpg

Токму затоа, голем број на нутриционисти го препорачуваат како одличен оброк кој треба да се вклучи во секојдневната исхрана.

Единствената негативна работа, ако воопшто може така да се нарече, е тоа што му е потребно повеќе време за варење, за разлика од белиот ориз.

Но, затоа изобилува со огромен број други придобивки, од кои најважни се следните:

1. Го помага варењето на храната

Кафеавиот ориз е богат со влакна, кои помагаат во правилното функционирање на цревата и дигестивниот систем.

2. Спречува зголемување на тежината

Повторно заради тоа што содржи влакна, ве одржува сити и со тоа не ви дозволува да внесувате храна кога на организмот не му е потребна. Едно истражување на Харвард покажало дека жените кои во исхраната внесуваат храна со цели зрна како кафеавиот ориз, имаат 50% поголеми шанси да ја одржат телесната тежина.

3. Го одржува кардиоваскуларното здравје

Маслото кое го содржи кафеавиот ориз, го намалува лошиот холестерол, а на сметка на тоа го подобрува добриот холестерол. Истовремено, го намалува таложењето на масти во крвните садови и стеснувањето на артериите, особено кај жените во менопауза. 

4. Го намалува ризикот од астма во детството

Истражувањата покажале дека децата кои консумирале храна со цели зрна во комбинација со риба, имаат 50% помали шанси да развијат асма.

5. Здрави коски

Една чаша кафеав ориз содржи околу 21% од препорачаната дневна доза магнезиум. Ова е важно, бидејќи магнезиумот е мошне важен за одржување на вашите коски.

6. Богат со антиоксиданси

Иако антиоксидансите главно се поврзуваат со храна како кељ и чиа, сепак и кафеавиот ориз е исто така одличен извор на антиоксиданси. Тие се особено важни, бидејќи се борат против појава на болести како рак и Алцхајмер.

7. Ја спречува појавата на рак на градите

Фитонутриентот лигнин кој се содржи во кафеавиот ориз е особено корисен во борбата против создавање на клетките на ракот во пределот на градите.

8. Ја спречува појавата на дијабетес

Влакната кои ги содржи кафеавиот ориз, повторно се клучни за оваа негова функција. Дејствувајќи на процесот на дигестија, помага за побрзо варење на јаглехидратите, со што шеќерите се ослободуваат многу побавно во организмот и не доаѓа до нивно зголемено таложење.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg