Суперхрана која треба да ја консумирате за поздрава 2017-та

Ако во новата година решивте да внимавате малку повеќе на храната, тогаш ова се намирниците кои мора да ги вклучите во листата за 2017 година.

Superhrana-namirnici-koi-se-odlicen-zdrav-izbor-za-2017-godina-01

Ако минатата година тоа беа кељот и семето од чиа, оваа година веќе се појавија нови вкусни намирници кои го заземаат нивното место.

Некои од нив се стандардно зеленчук и овошје, но има и такви кои навистина ќе ве изненадат...

1. Семе од лубеница

Семето од лубеница е одличен извор на протеини, витамин Б, магнезиум и моно  и полизаситени масти. Следниот пат кога ќе јадете лубеница извадете го семето, испечете го и веќе имате здрав извор на хранливи вредности.

Superhrana-namirnici-koi-se-odlicen-zdrav-izbor-za-2017-godina-02

2. Активен јаглен

Активниот јаглен се користел уште одамна за отстранување на паразити и бактерии од телото. Тој исто така може да биде одличен додаток во вашите сокови, но и маски за лице и кожа.

Superhrana-namirnici-koi-se-odlicen-zdrav-izbor-za-2017-godina-03

3. Макуи

Чилеанските бобинки се одличен извор на витамин Ц и антиоксиданси кои им го даваат виолетовиот пигмент. Според многу истражувања речиси сите производи кои го имаат овој пигмент се одлични во забавувањето на процесот на стареење.

Superhrana-namirnici-koi-se-odlicen-zdrav-izbor-za-2017-godina-05

4. Масло од авокадо

Покрај маслиновото и кокосовото, ова е уште едно масло кое мора да го имате во кујната. Не само затоа што е кремасто и вкусно туку и затоа што содржи хранливи состојки како каротен, лутеин и витамин Е кои ќе направат вашата кожа да блеска.

Superhrana-namirnici-koi-se-odlicen-zdrav-izbor-za-2017-godina-06

5. Козјо месо

Иако веројатно не очекувавте месо на оваа листа, факт е дека козјото месо е одличен избор за здрава храна бидејќи содржи ниско ниво на масти и висок процент на протеини.

Superhrana-namirnici-koi-se-odlicen-zdrav-izbor-za-2017-godina-07

6. Желатин

Секако не зборуваме за желе бонбони, туку за многу поздрава варијанта на желатин. Тоа е главно желатин кој потекнува од коскена срж и може да се користи како додаток во многу оброци и десерти.

Superhrana-namirnici-koi-se-odlicen-zdrav-izbor-za-2017-godina-08

7. Виолетова храна

Храната со виолетова боја е многу богата со хранливи состојки кои навистина ќе му помогнат на вашето тело да биде силно и здраво. Дали ќе се одлучите за зелка, цвекло или боровинки останува на вас да одлучите. Секако изборот е навистина голем...

Superhrana-namirnici-koi-se-odlicen-zdrav-izbor-za-2017-godina-09

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg