Овчо, кравјо или козјо сирење: Кои се разликите и какво да одберете?

Високо хранливиот деликатес, сирењето, со децении се провлекува низ светските кујни и рецепти од разни страни во светот.

ovco-kravjo-ili-kozjo-sirenje-koi-se-razlikite-i-kakvo-da-odberete-1.jpg

Го сакаме вкусот кој го има и го јадеме чисто, како додаток на намачкан леб или прилог на главното јадење.

Буквално е незаменлив на секоја трпеза, но кога сме во маркет застанати пред огромен избор на сирења, тешко се одлучуваме кое да го одбереме.

ovco-kravjo-ili-kozjo-sirenje-koi-se-razlikite-i-kakvo-da-odberete-9.jpg

Затоа, време е да ги откриете разликите и предностите на секој тип.

Кравјо сирење

Богато е со протеини и заради тоа им се препорачува на спортистите и лицата кои имаат потреба од големи количини протеини. Може да се консумира како замена за месо, а педијатрите го препорачуваат од најрана возраст во секојдневната исхрана заради нивото на фосфор, магнезиум и калциум.

Богато е и со есенцијални аминокиселини. Покрај мастите и јаглехидратите кои ги содржи, се препорачува во диетите и здравата исхрана бидејќи има ниска калориска вредност.

ovco-kravjo-ili-kozjo-sirenje-koi-se-razlikite-i-kakvo-da-odberete-2.jpg

Козјо сирење

Козјото сирење е лесно за варење и е најмалку масно. Се препорачува на лицата чувствителни на лактоза, бидејќи ја има во минимални количини.

Одамна се зборува за неговата лековитост, бидејќи е докажано дека го регулира нивото на лошиот холестерол и шеќер во крвта, а покрај тоа има и докажани антиканцерогени својства. Ги лечи проблемите со дишните патишта и го зајакнува имунитетот.

ovco-kravjo-ili-kozjo-sirenje-koi-se-razlikite-i-kakvo-da-odberete-11.jpg

Овчо сирење

Иако е најбогато со масти и се препорачува повремено консумирање, никако не го избегнувајте. Богато е со витамини А, Б, калциум, магнезиум, фосфор. Покрај тоа содржи значајни количини витамин Д кој помага калциумот правилно да се апсорбира во организмот.

Со самото тоа, поволно влијае на спречувањето на остеопороза во доцните години од животот, како и на здравјето на забите, косата, кожата и ноктите, на зглобовите, а посебно е препорачлив за зајакнување на имунитетот.

Исто така, ги смирува нервите и ве поштедува од стрес.

ovco-kravjo-ili-kozjo-sirenje-koi-se-razlikite-i-kakvo-da-odberete-7.jpg

Кое е вашето омилено?

ovco-kravjo-ili-kozjo-sirenje-koi-se-razlikite-i-kakvo-da-odberete-5.jpg

ovco-kravjo-ili-kozjo-sirenje-koi-se-razlikite-i-kakvo-da-odberete-6.jpeg

ovco-kravjo-ili-kozjo-sirenje-koi-se-razlikite-i-kakvo-da-odberete-12.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg