Домаќински трикови како храната да издржи подолго во фрижидер

За жал, секојдневно фрламе храна од причина што лошо сме ја затвориле, па иако рокот на траење не одминал, не е сигурна за јадење.

domakjinski-trikovi-kako-hranata-da-izdrzi-podolgo-vo-frizider-001.jpg

За да не фрлате „пари во воздух“, односно да фрлате храна од која може да се направи уште еден оброк, важно е да ја чувате правилно.

Овие домаќински трикови ќе ви помогнат да го спречите расипувањето на храната, дури и во фрижидер:

1. Леб

Купувајте цел леб, наместо сечен на парчиња. Сечете го од средината, а не од крајот. Кога ќе завршите со оброкот, двете половини спојте ги убаво и заштитете ги со кеса или чиста крпа.

domakjinski-trikovi-kako-hranata-da-izdrzi-podolgo-vo-frizider-1.jpg

2. Крем сирење, павлака, кисело млеко

Овие производи обично се пакувани во пластика, заштитена со фолија. Откако ќе ја отвориме фолијата, доколку не ги изедеме одеднаш, потоа лесно може да фатат мувла.

За да им го продолжите рокот на траење извадете ја оригиналната фолија и потоа внимателно покријте го пакувањето со обична фолија за печење.

Исто така, чувајте ги подалеку од лук, кромид и цитрусни овошја за да не попримат мирис.

domakjinski-trikovi-kako-hranata-da-izdrzi-podolgo-vo-frizider-2.jpg

3. Урда

Урдата не издржува долго, но за да и ја продолжите свежината, префрлете ја во стаклен сад. На врвот на полниот сад ставете коцка бел шеќер и покријте со фолија. Шеќерот ја забавува оксидацијата.

domakjinski-trikovi-kako-hranata-da-izdrzi-podolgo-vo-frizider-3.jpg

4. Тврди кашкавали и срења

За тврдите кашкавали и сирења да не омекнат и да не попримат влага, наместо да ги замотате во кеса, користете хартија или фолија за печење.

За да спречите создавање мувла, ставете неколку коцки шеќер до кашкавалот или сирењето, а за да не се создаде корка на местото каде што го сечете, нанесете мал слој на масло, па потоа спакувајте.

domakjinski-trikovi-kako-hranata-da-izdrzi-podolgo-vo-frizider-4.jpg

5. Зелени билки

За зелените билки да не се исушат пребрзо, добро би било да ги замрзнете. Ситно исечкајте ги, ставете ги во калап за мраз, наполнете малку вода или маслиново масло и замрзнете.

Добиените коцки префрлете ги во вакуум ќеса и чувајте ги во замрзнувач до следна употреба.

domakjinski-trikovi-kako-hranata-da-izdrzi-podolgo-vo-frizider-5.jpg

6. Лимон

Ако сакате пресечениот лимон подолго да издржи свеж, премачкајте го со малку сол или шеќер на местото каде е пресечен, па ставете го на чиста мала чинија. Покријте со стаклена чаша, зацврстете си пластична фолија, па така ставете го во фрижидер.

domakjinski-trikovi-kako-hranata-da-izdrzi-podolgo-vo-frizider-6.jpg

7. Моркови

За морковите да останат крцкави и свежи, прво треба да им ги отстраните зелените ливчиња. Потоа замотајте ги во мокра крпа и ставете ги во фрижидер.

Втора опција, доколку имате простор, е да ги ставите во тегла со вода, па потоа да ги ставите во фрижидер.

domakjinski-trikovi-kako-hranata-da-izdrzi-podolgo-vo-frizider-7.jpg

8. Печурки

Печурките се специфични за чување, бидејќи не смее да дојдат во допир со влага. Затоа, најпаметно е да ги чувате во хартиена кеса или во стаклен сад кој ќе го обложите со мека хартија или салфетки. Врз нив, повторно ставете салфетка која ќе ја впива влагата.

domakjinski-trikovi-kako-hranata-da-izdrzi-podolgo-vo-frizider-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg