6 трикови со кои се користат рестораните, а не сакаат да ги откриете

Сите сме свесни дека јадењето надвор е повкусно, но ретко ја знаеме реалната цена и количина на она што го нарачуваме и консумираме.

6-trikovi-so-koi-se-koristat-restoranite-i-kafulinjata-a-ne-sakaat-da-gi-otkriete-01.jpg

Неколку трикови со кои се користат рестораните за да јадете помалку, а да платите повеќе.

И никој вработен во локал со храна нема да ви ги признае:

1. Свежина на салатата

Салатите ретко се прават во моментот кога ги нарачувате. Честопати, состојките се сечат навечер или рано наутро во големи количини, па кога ќе нарачате само се мешаат во сад и се додаваат сосови и дресинзи. Делумно, токму овие сосови прикриваат дека салатата не е тазе исечена.

Сезонските салати може да издржат свежи и до 12 часа, но ако сакате да се осигурате дека салатата е подготвена во моментот кога сте ја нарачале, најдобро е да нарачате посебно салата, а посебно сос или дресинг. Така ќе ја видите реалната состојба на зеленчукот.

6-trikovi-so-koi-se-koristat-restoranite-i-kafulinjata-a-ne-sakaat-da-gi-otkriete-03.jpg

2. Специјалитет на денот

Следен пат кога келнерот ќе ви го препорача специјалитетот на денот, имајте на ум дека се работи за трик кој се користи за да се искористи храната на која веројатно ѝ истекува рокот.

6-trikovi-so-koi-se-koristat-restoranite-i-kafulinjata-a-ne-sakaat-da-gi-otkriete-02.jpg

3. Подготовка и замрзнување

Колку долго треба да се свари една супа? 30-40 минути? А, вам ви ја донесоа за 15 минути откако ја нарачавте. Едноставно е – супите се подготвуваат однапред и се замрзнуваат.

6-trikovi-so-koi-se-koristat-restoranite-i-kafulinjata-a-ne-sakaat-da-gi-otkriete-04.jpg

4. Грамажа

Нека не ве залажуваат големите порции, бидејќи во нив секогаш најевтините состојки ги има во најголема количина. А, волуменот и полната чинија им дава за право на рестораните да ви наплатат дупло повеќе.

6-trikovi-so-koi-se-koristat-restoranite-i-kafulinjata-a-ne-sakaat-da-gi-otkriete-05.jpg

5. Храна пржена во зејтин

Иако зејтинот би требало да се фрли после 15-20 зготвени порции во него, во реалноста, неретко во еден ист зејтин се пржат по 30-тина порции.

6-trikovi-so-koi-se-koristat-restoranite-i-kafulinjata-a-ne-sakaat-da-gi-otkriete-06.jpg

6. Алкохол пред оброкот

Доколку алкохолот ви биде послужен пред оброкот, трикот е многу едноставен – алкохолот го стимулира апетитот, па лесно ќе порачате многу повеќе отколку што сте планирале.

6-trikovi-so-koi-se-koristat-restoranite-i-kafulinjata-a-ne-sakaat-da-gi-otkriete-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg