Овошја поради кои тешко го губите вишокот килограми

Овошјето е најдобриот природен десерт - полно е со витамини, со растителни влакна, со корисни шеќери, важни нутриенти и што е најважно, изборот е голем и можете да го изберете она што вам ви се допаѓа.

ovoshja-poradi-koi-teshko-go-gubite-vishokot-kilogrami-01.jpg

Но, некои од овошјата содржат толку високи количини шеќер, што без разлика што е природен и многу поздрав од белиот, воопшто не помага ако сакате да изгубите некој килограм. Поради ова, треба да внимавате на количината овошје што ја јадете.

На пример, идеалната дневна порција овошје се состои од еден цел плод (јаболко, праска, круша...), една цела чаша полна со исечено овошје (диња, ананас, лубеница...), 15-17 зрна од зрнесто овошје (цреши, грозје, малини...) и половина од голема банана.

Сепак, доколку имате потреба да изгубите повеќе килограми, некои овошја морате да ги исклучите од исхраната или да го сведете внесот на минимум. Во оваа група спаѓаат бананите, грозјето, конзервираното овошје од кој било вид, сушеното овошје, ананасот, мангото и лубеницата. Овие овошја имаат висока концентрација на шеќер, а со тоа и калории.

Добро би било целосно да ги исклучите сушените овошја и конзервираните компоти, другото да го внесувате многу ограничено, а во исхраната да вклучите повеќе малини, јагоди, боровинки, капини, кајсии, праски јаболки и круши.

E. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg