Сезона на варена пченка - намалува апетит, снижува холестерол и го зајакнува мозокот

Вкусни, лесни за подготовка и многу, многу здрави: Дали сте знаеле дека редовното консумирање на варени пченки го намалува ризикот од појава на срцев или мозочен удар?

Sezona-na-varena-pcenka-01.jpg

Доколку сакате да ги исфрлите сите нездрави грицки од животот, време е да се преориентирате кон една многу поздрава варијанта–варени пченки.

Нутриционистите ја препорачуваат варената пченка како додаток на секој оброк, а покрај многу позитивни придобивки кои ги нудат, тие првенствено се нискокалорични.

Поради изобилството на растителни влакна, варената пченка претставува одличен појадок. Таа го забрзува метаболизмот и го снижува нивото на лошиот холестерол.

Особено добра е за оние кои страдаат од болки во желудникот, бидејќи ги ублажува симптомите на гастритис и чир, а значително ги намалува и киселините.

Богата со витамин Б, варената пченка придонесува за намалување на нивоата на хомоцистеин во крвта кои ги оштетуваат крвните садови, па редовното јадење на варена пченка го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар.

Истражувањата покажуваат дека варената пченка, исто така, ја спречува анемијата, ја ублажува болката во мускулите, ја ублажува депресијата, ја подобрува концентрацијата и го зајакнува нервниот систем.

За разлика од поголемиот број продукти коишто ги губат повеќето здрави состојки во текот на готвењето, кај пченката се губи само витаминот Ц, но за сметка на него истовремено се ослободуваат и антиоксидантните молекули, со што се зголемуваат неговите позитивни придобивки на исклучително здрав производ.

Па не чекајте многу, уште денес сварете си неколку пченки и обидете се да сопрете на само една изедена.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
8 намирници кои не ја заслужуваат лошата репутација Ако претерате со пиењето кафе, дефинитивно ќе почувствувате лоши симптоми. Но, в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg