Зошто не е препорачливо да се комбинираат домат и краставица?

Салатата која содржи домати и краставици, како што е шопската или грчката, е омилена на многу луѓе особено во лето. Но, оваа комбинација нутриционисти воопшто не би ја препорачале.

zoshto-ne-e-preporachlivo-da-se-kombiniraat-domat-i-krastavica-1.jpg

Иако ова можеби е лоша вест за оние кои сакаат да замезат вкусна салата пред ручекот, добро е да се знае зошто всушност, ваквата комбинација не е добра.

На доматот и краставиците им се потребни различни времиња за да се сварат и испроцесираат во нашиот дигестивен систем. Поради тоа, најдобро е да се јадат одвоено, во различни оброци.

Доколку комбинираме намирници со различно време за варење во ист оброк, во желудникот доаѓа до ферментација на храната. Тоа натаму предизвикува низа проблеми со варењето, особено мачнина и киселини.

zoshto-ne-e-preporachlivo-da-se-kombiniraat-domat-i-krastavica-02.jpg

Постојат уште неколку комбинации на намирници кои не треба да ги јадете. Ве предупредуваме, од некои можете многу да се разочарате:

Овошје по оброк

Иако овошјето важи за лесна храна, всушност му е потребно доста време за да се свари, поради растителните влакна, јаглехидратите и овошната киселина. Поради тоа, не јадете го кога веќе вашиот организам е полн со друга храна. Почекајте неколку часа, па изедете овошје.

Тестенини со сирење или со месо

Иако обожавате болоњезе или сосови со сирење, ваквата комбинација може да предизвика дигестивни проблеми, па дури во некои случаи и повраќање. Причина за тоа е што на скробот и на животинскиот протеин им е потребно различно време за варење, што во секој случај е доста долго. Поради тоа, оваа комбинација предолго останува во вашиот желудник.

Зеленчук и сирење

Уште една лоша вест за оние кои обожаваат шопска салата. Комбинацијата од зеленчук и сирење предизвикува непријатна подуеност.

Млеко и банани

Многу луѓе, но и мали деца ја обожаваат токму оваа комбинација на намирници. Но, мора да имате на ум дека млекото и бананите во комбинација значително ја забавуваат работата на дигестивниот систем.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
Намирници кои никогаш не треба да ги консумирате сирови (и зошто) Сите знаеме дека треба да избегнуваме сурово месо и јајца. Сепак, постојат и мно...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg