Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Кои јаглехидрати не смеете да ги исфрлите од исхраната?

Кога се зборува за јаглехидрати често помислуваме на леб, печива и десерти, но забораваме дека ги има и во здрави варијанти.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-01.jpg

Ограниченото внесување на јаглехидрати помага во брзи, но краткотрајни резултати на губење килограми. Сепак, кога се работи за долгорочен режим на исхрана, потребно е да бидат вклучени во оброците.

Навистина, слатките и печивата не се добри за нашата витка линија, но јаглехидратите кои потекнуваат од овошје, зеленчук или мешунки му помагаат на телото да ги апсорбира диеталните влакна и полесно да ги вари.

Затоа, колку и да сакате, никогаш не ги исфрлајте од исхраната следниве извори на јаглехидрати:

Целите житни зрна

Јачмен, овес, 'рж, кафеав ориз, киноа, хељда, секогаш е подобро да ги јадете сварени или отстоени во вода, наместо да купувате житни снегулки.

Житариците имаат доволно хранливи материи за да ве држат сити до следниот оброк.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-02.jpg

Грашок, грав, леќа и други мешунки

Мешунките се одлични како додаток во чорби, салати или тестенини. Богати се со витамини, минерали и протеини, како и со здрави јаглехидрати.

Помагаат во заштита на телото од воспаленија и инфекции.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-03.jpg

Компири и слатки компири

Иако имаат различни нутритивни вредности, за обичниот и слаткиот компир заедничко е тоа што се богати со витамини А и Б6, растителни влакна и јаглехидрати.

Единствено, треба да се внимава да не се претера со изедената количина слатки компири, бидејќи навистина содржат повеќе јаглехидрати од обичните.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-04.jpg

Есенска тиква

Есенската тиква е богата со лутеин и природен шеќер, со протеини, магнезиум и калиум. Можете да ја јадете печена или како додаток на супи и чорби.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-05.jpg

Одредени видови овошје

Како што знаете, грозјето, бананите и јаболките се забранети во диетите за намалување и исфрлање на јаглехидрати во исхраната.

Но, вистината е дека за да одржите здрав баланс, потребно е да ги консумирате овошјата што ви се допаѓаат, во ограничени количини. Секогаш е подобро да ги јадете целите овошја, наместо да ги блендирате во каши и смутија.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
Намирници кои никогаш не треба да ги консумирате сирови (и зошто) Сите знаеме дека треба да избегнуваме сурово месо и јајца. Сепак, постојат и мно...
Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg