Намирници кои се претвораат во чист отров ако ги подгревате откако еднаш се зготвени

Често ви останува малку од вчерашниот ручек или вечера, но никогаш не сте сигурни дали да ги згреете остатоците, дали да ги ставите во фрижидер или да ги фрлите?

namirnici-koi-se-pretvoraat-vo-chist-otrov-ako-gi-podgrevate-otkako-ednash-se-zgotveni-01.jpg

Иако ви е повеќе од јасно дека не е убаво да се фрла храна, особено кога има толку многу гладни луѓе низ светот, добро е да знаете и дека не треба да зачувувате некои намирници по секоја цена.

Подгревањето на одредени видови храна не само што ги уништува хранливите состојки, туку може да ги претвори и во чист отров за вашиот организам.

Варен ориз

Варениот ориз лесно може да се претвори во подлога за бактерии, поради содржината на скроб. Доколку ви остане, веднаш ставете го во сад, затворете добро и чувајте во фрижидер најдоцна до вечерата.

Но, имајте предвид дека при загревање може да ги промени вкусот и структурата, а во него нема да остане ништо хранливо. Затоа, користете го ладен, како додаток во салата или прилог на друго јадење.

namirnici-koi-se-pretvoraat-vo-chist-otrov-ako-gi-podgrevate-otkako-ednash-se-zgotveni-02.jpg

Компири

Слично како и оризот, така и варениот компир е идеална подлога за развој на бактерии. Ова можете да го избегнете доколку завиткан во фолија го чувате во фрижидер, најдоцна до ручекот следниот ден.

Потоа, скробот се разложува, се губат хранливите состојки, а ако го подгревате ќе добиете безлична маса без вкус, која под дејство на топлината може да ослободи помала количина токсични материи.

namirnici-koi-se-pretvoraat-vo-chist-otrov-ako-gi-podgrevate-otkako-ednash-se-zgotveni-03.jpg

Кромид, целер и цвекло

При загревање, овие продукти испуштаат нитрати, кои се испуштаат во сè поголеми и поголеми количини при секое загревање. Затоа, доколку јадете некоја супа која ги содржи, загрејте ја само потребната количина.

namirnici-koi-se-pretvoraat-vo-chist-otrov-ako-gi-podgrevate-otkako-ednash-se-zgotveni-04.jpg

Јајца

Без разлика како се подготвени, јајцата никако не смеат да се загреваат. Причина за тоа се протеините кои при повторно изложување на топлината ја менуваат структурата и стануваат тешко сварливи за нашиот дигестивен систем.

namirnici-koi-se-pretvoraat-vo-chist-otrov-ako-gi-podgrevate-otkako-ednash-se-zgotveni-05.jpg

Пилешко месо

Како и јајцата, така и пилешкото содржи протеини. Отежнувачка околност во овој случај е што се работи за месо, кое е потешко сварливо отколку јајцата, па може да предизвика сериозни стомачни тегоби.

Доколку ви остане парче пилешко, чувајте го во фрижидер, за да избегнете труење со салмонела. Секогаш е подобар избор да јадете ладно пилешко, отколку загреано, кое е потенцијално отровно.

namirnici-koi-se-pretvoraat-vo-chist-otrov-ako-gi-podgrevate-otkako-ednash-se-zgotveni-06.jpg

Масла и маснотии

Постојат масла кои се наменети за готвење, а постојат и такви кои се користат како зачини и додатоци во оброците. Сите имаат различна точка на разложување при топлина. Маслата за готвење користете ги само еднаш.

namirnici-koi-se-pretvoraat-vo-chist-otrov-ako-gi-podgrevate-otkako-ednash-se-zgotveni-07.jpg

Печурки

Штом еднаш се зготвени, треба да се изедат или доколку останат, да се чуваат во фрижидер, но не подолго од еден ден. На собна температура испуштаат отрови и може да предизвикаат тешки труења поради кои ќе завршите во болница.

namirnici-koi-se-pretvoraat-vo-chist-otrov-ako-gi-podgrevate-otkako-ednash-se-zgotveni-08.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg