Зошто некогаш имате желба да јадете уште, дури и по богат оброк?

Гладот и „просторот“ за уште храна по изедениот оброк не се ретка појава и можат да бидат предизвикани од многу причини, почнувајќи од структурата на храната, па сè до менталната состојба.

zoshto-nekogash-imate-zhelba-ushte-da-jadete-duri-i-po-bogat-obrok-01.jpg

Целта на јадењето е да не бидеме гладни, но некогаш се чини дека можеме да изедеме уште еден цел оброк откако сме завршиле со јадење.

Но, иако во моментот количината ќе ве засити, за кратко ќе сфатите дека сте се прејале, а тоа повлекува низа други проблеми.

Ситоста не секогаш зависи од тоа колку калории сте изеле

Односно, зависи од тоа со која брзина вашето тело почнува да ја процесира храната и колку долго трае варењето. Храната која долго се вари, подолго нè држи сити.

Храната со влакна, протеини и масти побрзо заситува

Освен што ни е потребна енергија, сакаме и да уживаме во вкусот на храната и со тоа да го задоволиме гладот. Празните калории лесно се трошат, нè полнат со масти и брзо огладнуваме. Затоа треба да јадеме храна со растителни влакна и здрави масти.

zoshto-nekogash-imate-zhelba-ushte-da-jadete-duri-i-po-bogat-obrok-02.jpg

„Преслушајте се“ себеси околу стресот

Ако сте сигурни дека сте изеле доволна количина храна, богата со сите потребни нутритиенти, можно е да се работи за нешто друго. Размислете дали сте биле изложени на стрес во последно време.

Стресот создава чувство на глад и потреба да јадете дури и кога не сте гладни, поради нарушувањето на метаболизмот кое го предизвикува.

Или можеби, не сте јаделе доволно

Размислете на тоа колку сте изеле од утрото и каков ви бил распоредот на активностите. Таму може да лежи одговорот зошто оброкот не ви бил доволен.

zoshto-nekogash-imate-zhelba-ushte-da-jadete-duri-i-po-bogat-obrok-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg