Боровинки, кафе, куркума: Како да ги бојадисате велигденските јајца со природна боја?

Треба да сте само малку вешти со рацете за сами да ги изработите сите ваши велигденски декорации, но кога е бојадисувањето во прашање, ако сè уште користите купечка боја за јајца, време е да се обидете со многу поприродна варијанта.

borovinki-kafe-kurkuma-kako-da-gi-bojadisate-veligdenskite-jajca-so-prirodna-boja-01.jpg

Вашите деца можеби ќе бараат најразлични налепници и светки, но штом ќе ја посведочат магијата на претворање храна во пигмент, веднаш ќе заборават на скапата алтернатива.

Не само што ќе заштедите пари со тоа што ќе си направите домашна боја, туку и ќе сфатите дека имате опција за бојадисување јајца во секое време од годината како забава за вашите најмили, бидејќи намирниците што ви се потребни сигурно ги имате во фрижидерот.

Секоја боја го наложува истиот процес - 1 литар вода, 1 лажица сол, 2 лажици оцет и 2 лажици од овошјето, зеленчукот или зачинот потребен за одредена боја.

Сето ова треба да врие на тивко 30 минути, а потоа почекајте да се олади на собна температура пред да ги ставите јајцата.

За темно сина: Користете боровинки.

За светло сина: Користете црвена зелка.

За светло кафена: Користете кафе.

За портокалова: Користете кромид.

За жолта: Користете шафран или куркума.

За зелена: Користете магдонос или спанаќ.

За виолетова: Користете црвено вино.

За розова: Користете цвекло.

borovinki-kafe-kurkuma-kako-da-gi-bojadisate-veligdenskite-jajca-so-prirodna-boja-02.jpg

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
8 намирници кои не ја заслужуваат лошата репутација Ако претерате со пиењето кафе, дефинитивно ќе почувствувате лоши симптоми. Но, в...
Кулинарски грешки што ниту искусните не се свесни дека ги прават Дали знаете дека доматите не треба да се готват во нелепливо тавче, а дека за пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg