Вековна традиција: Која е тајната во подготовката на василичарскиот мазник? (видео)

По повод големиот христијански празник Свети Василиј Велики, во Битола, Прилеп и околината, со векови наназад традиционално се подготвува мазник со паричка. Но, која е тајната во подготовката на оваа пита?

vekovna-tradicija-koja-e-tajnata-vo-podgotovkata-na-bitolskiot-maznik-video-01.jpg

По повод празникот Свети Василиј, во народот познат и како „Василица“ во Битола традиционално денес семејствата вртат мазник со паричка. Станува збор за вртена пита, а тајната е во неговата подготовка.

Мазникот не се крши, туку се сече на парчиња колку што има луѓе во домот, а едно парче е за куќата и едно за Господ.

Најстариот член во семејството го врти мазникот 3 пати и секој од членовите во семејството го зема парчето што е пред него.

Ако паричката не ја најде никој од членовите во семејството, тогаш се кажува кое од двете преостанати парчиња е за Господ, а кое за куќата и се проверува каде се паднала паричката.

Доколку се падне кај некој од членовите од семејството, тој добива пари од сите околу него. Се верува дека тој што ќе биде среќникот да ја најде паричката во питата ќе го прати среќа во текот на целата година.

Освен во Битола, „василопитата“ односно питата што се врти за Василица се нарекува мазник и во Прилеп, а охриѓани пак ја викаат топејнца.

На социјалните мрежи може да се видат повеќе видеа на кои се гледа во што е најголемата мајсторија на битолчаните кога ја подготвуваат питата.

Корите од битолскиот мазник, не се вртат рачно, туку со помош на чист чаршаф, а потоа свитканите кори се редат во плех и така се формира питата.

Погледнете во продолжение неколку видеа и фотографии од домаќини што споделиле видеа од тоа како се подготвува мазникот:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg