Што да јадете додека сте позитивни на ковид и по прележување?

Кога корона вирусот ќе го нападне организмот, најдобро е силата да си ја вратите преку соодветна исхрана.

sto-da-jadete-dodeka-ste-pozitivni-an-kovid-i-po-prelezuvanje-001.jpg

При закрепнување од ковид, најважно е да ги слушате советите на лекарите и ако прележувате во домашни услови, повеќе да одмарате и да ја прилагодите исхраната.

Болката во грлото можете да ја намалите со редовно пиење чај или друг топол пијалак кој ќе го олесни овој симптом. Хидратацијата е особено значајна и за оние кои ќе имаат мачнини со цревата и стомакот, како и болка во мускулите или температура.

Мачнината и затнатиот нос, како и нагонот за повраќање, можат да се намалат со вода, сокови и вода со лимон и мед.

sto-da-jadete-dodeka-ste-pozitivni-an-kovid-i-po-prelezuvanje-001.jpg

Обично заболените од ковид немаат голем апетит, па најдобро е да се задржат на мека храна и едноставни јадења како чорби, супи, сварено млеко, јогурт, печено пилешко, јајца, во мали количини.

Пациентот не смее да гладува, односно препорачливо е да внесува намирници богати со протеини, како грав или леќа.

Природните извори на витамини исто така се препорачуваат, односно масната риба и печурките поради витаминот Д, цитрусните овошја и киселата зелка поради витаминот Ц и пробиотските дејства.

sto-da-jadete-dodeka-ste-pozitivni-an-kovid-i-po-prelezuvanje-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Што претставува лунарната диета и кога да ја држите во 2024-та? Лунарната диета претставува постење во зависност од месечевите фази. Односно ког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg