8 здрави намирници кои можат да предизвикаат гасови и подуеност (и како да го спречите тоа)

Карфиолот, овесот и млечните производи се дел од намирниците кои иако се здрави, кај некои луѓе можат да предизвикаат појава на гасови.

8-zdravi-namirnici-koi-mozhat-da-predizvikaat-gasovi-i-poduenost-i-kako-da-go-sprechite-toa01.jpg

Само затоа што некоја храна е здрава, не значи дека со нејзиното консумирање нема и некои несакани ефекти.

Еден од почестите проблеми кои можат да се појават од некои здрави намирници е подуеноста на стомакот.

Иако се здрави, некои продукти имаат состојки кои можат да го иритираат стомакот и да предизвикаат гасови, а со тоа и подуеност.

Но, не мора да престанете да ги консумирате овие намирници – за скоро сите има трик што ќе ви помогне да го спречите појавувањето на гасови.

Па, кои здрави намирници предизвикуваат гасови и како да го спречите тоа?

Карфиол

Карфиолот, заедно со зеленчуците како брокула и зелка, е богат со многу хранливи состојки. Калиум, витамин Ц и К, протеини и корисни јаглехидрати се само дел од нив.

Но, карфиолот содржи и вид јаглехидрат кој не може да се дигестира во тенкото црево, што значи продолжува да се движи кон дебелото. Овде има бактерии кои го користат овој јаглехидрат како храна, а во процесот на „јадење“ испуштаат гасови што вие ги чувствувате како подуеност.

За да го избегнете ова, препорачливо е да го обарите карфиолот пред да го јадете – тогаш е полесен за дигестија. Истото важи и за брокулата.

8-zdravi-namirnici-koi-mozhat-da-predizvikaat-gasovi-i-poduenost-i-kako-da-go-sprechite-toa-02.jpg

Млеко и млечни производи

Млечните производи најчесто создаваат гасови кај луѓето со нетолеранција на лактоза.

Бидејќи кај нив лактозата не може да се дигестира правилно, завршува во дебелото црево каде што е разградена од бактериите, и поради тоа настануваат гасови, но со овој проблем не се соочуваат сите. 

Ако вие сепак имате ваков проблем, разговарајте со вашиот лекар за додатоци кои ја олеснуваат и поттикнуваат дигестијата на лактоза.

Мешунки

Гравот, леќата и сличните мешункасти плодови исто така создаваат гасови.

Како кај карфиолот, и во овој случај „виновникот“ е вид јаглехидрат кој нашиот организам не може да го дигестира целосно.

Поради ова, јаглехидратот продолжува во дебелото црево, каде што бактериите го разградуваат и предизвикуваат подуеност.

Најпопуларниот начин да ја спречите појавата на гасови од грав и слична храна е да ја накиснете одвечер пред да ја зготвите, но и да ја промените водата неколкупати додека ја варите.

Исто така, пиењето многу вода, како и редовното вежбање, можат да ја намалат можноста од појава на гасови.

8-zdravi-namirnici-koi-mozhat-da-predizvikaat-gasovi-i-poduenost-i-kako-da-go-sprechite-toa-03.jpg

Некои видови овошје

Овошјето содржи шеќери како фруктоза и сорбитол – состојки кои можат да бидат тешки за дигестија.

Истовремено, некои овошки содржат и многу хранливи влакна, па ако изедете премногу, дигестијата може да се забави, а со тоа да се појави подуеност.

Ако некои овошја ви создаваат гасови, не можете да направите многу во врска со тоа, освен да ги јадете поретко, односно умерено и да не претерувате со количината.

Овес

Овесот е одличен избор за појадок бидејќи покрај витамините, содржи и протеини, јаглехидрат и хранливи влакна. Но, токму хранливите влакна можат да предизвикаат проблеми.

Оваа состојка е важна за дигестијата на храната но, веќе спомнавме – во големи количини може да ја забави дигестијата и да предизвика гасови.

Сепак, овие гасови обично се јавуваат на почетокот. Односно, ако почнете редовно да јадете овес, со текот на времето дигестивниот систем ќе се адаптира и подуеноста ќе се намали.

Препорачливо е ако сега почнувате почесто да јадете овес, да пиете и повеќе вода во текот на денот.

8-zdravi-namirnici-koi-mozhat-da-predizvikaat-gasovi-i-poduenost-i-kako-da-go-sprechite-toa-04.jpg

Лук

И овојпат причината за подуеноста е вид јаглехидрат кој е потежок за дигестија.

Ако лукот ви создава многу гасови, препорачливо е да го јадете само добро зготвен.

Зелен лиснат зеленчук

Појавата на гасови поради зеленчуците како марула е навистина ретка, но сепак може да се појави кај некои луѓе.

Повторно, една од причините е високата концентрација на хранливи влакна.

И во овој случај, од помош ќе ви биде да ги јадете во помали количини додека вашиот дигестивен систем да се адаптира.

8-zdravi-namirnici-koi-mozhat-da-predizvikaat-gasovi-i-poduenost-i-kako-da-go-sprechite-toa-05.jpg

Житарки

Житарките како пченица, ’рж, но и ориз, исто така можат да предизвикаат гасови кај некои луѓе поради големото количество на хранливи влакна и скроб.

Наједноставниот начин да го избегнете ова е да ги јадете овие намирници во помала количина. Слично како со овесот, можете постепено да ја зголемувате количината за да му дадете време на организмот да се адаптира на состојките.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
Намирници кои никогаш не треба да ги консумирате сирови (и зошто) Сите знаеме дека треба да избегнуваме сурово месо и јајца. Сепак, постојат и мно...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
8 намирници кои не ја заслужуваат лошата репутација Ако претерате со пиењето кафе, дефинитивно ќе почувствувате лоши симптоми. Но, в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg