Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а во Хавана е безбедно“

„Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 дена. Временската зона за Давуд ми беше најголема грижа, но заспиваше со латино во исто време како дома, без проблем. Носев пелени како за цел месец и храна за него, а од лекови, тоа што ми беше прво на список – го заборавив“ – раскажува за CRNOBELO.com Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со 7 и пол месечниот син и вели дека ја препорачува како дестинација со дете.

dani-gjurovska-za-patuvanjeto-vo-kuba-so-bebe-lekovi-teshko-se-naogjaat-peleni-prodavaat-na-tezga-a-vo-havana-e-bezbedno-01.jpg

Даниела Ѓуровска од Скопје има 29 години и работи во маркетинг сектор, вљубеничка е во модата, а во февруари беше на семејно патување во Куба со сопругот Денис и 7-месечниот син Давуд, каде ги придружуваа уште неколку членови од семејството - мајката на Денис, неговите брат, сестра и внук. 

Како што самата вели, тие се родители кои уште на 2 месеца го однеле бебето на одмор во Грција, па сега решиле да си постават поголем предизвик и максимално да уживаат создавајќи спомени во периодот додека таа била на породилно отсуство. 

За CRNOBELO.com Дани раскажува каков им бил патот до далечна дестинација со бебе, што е неопходно да се понесе на оваа дестинација, како ги поминувале деновите таму и со какви предизвици се соочиле... 

Колку време траеше летот до Куба? Како го издржа Давуд? Со какви предизвици се соочивте и на кој начин бевте од претходно подготвени за самото летање со бебе на далечна дестинација? 

Доколку го земеме предвид патот Скопје-Истанбул, Истанбул-Хавана одењето беше „песна” во однос на враќањето. Пристигнавме за 15 часа со краткото чекање на аеродромот во Истанбул.

Додека пак враќањето траеше речиси два дена, ќе ви раскажам понатаму во разговорот која беше причината.

Кога станува збор за самиот лет, Давуд во некои моменти беше помирен од возрасен човек.

Понесовме играчки со кои и дома сака да си игра, неговата омилена цуцла и секако имаме среќа што сè уште се дои, па во моменти кога ќе беше „кенкав“ брзо се смируваше.

Секако тоа што бевме со дел од најблиското семејство ни го олесни самото патување во секоја смисла.

dani-gjurovska-za-patuvanjeto-vo-kuba-so-bebe-lekovi-teshko-se-naogjaat-peleni-prodavaat-na-tezga-a-vo-havana-e-bezbedno-02.jpg

Дали Давуд имаше проблем да се навикне на разликите со временската зона? Дали некако тоа се одрази на навиките и неговото расположение таму?

Тоа ми беше можеби најголема грижа, но без да му правам притисок само се однесував со него како да сме дома.

Се обидов да му го задржам редот колку е тоа возможно и се покажа како успешно.

Ние и кога сме во Скопје без разлика дали сме дома, на гости или во некое кафуле Давуд 90% од времето во 20 часот веќе спие, така беше и таму.

Имаше денови кога заспиваше со латино музика во позадина во „исто“ време како и дома без разлика на временската зона, затоа и се приспособи многу брзо.

Така е и сега, откако се вративме. Мислам дека „проблемот“ за разликата со временската зона повеќе влијаеше на мене.

dani-gjurovska-za-patuvanjeto-vo-kuba-so-bebe-lekovi-teshko-se-naogjaat-peleni-prodavaat-na-tezga-a-vo-havana-e-bezbedno-03.jpg

Каква беше температурата? Како ви поминуваше еден ден и каков тип на транспорт користевте?

Изненадени бевме од фактот што температурите особено во Варадеро беа ниски во однос на тоа што се очекувањата за Куба во овој период од годината.

Па така слушнавме од туристи кои 15 години по ред го посетуваат Варадеро, дека ова бил најладниот февруари кој го паметат години наназад.

Веројатно климатските промени за жал го прават своето.

Секако не беше сите денови лошо времето, дури успеав и да изгорам последниот ден на плажа, понесена од тоа што претходните денови практично и не мораше да користам заштитен фактор за себе.

dani-gjurovska-za-patuvanjeto-vo-kuba-so-bebe-lekovi-teshko-se-naogjaat-peleni-prodavaat-na-tezga-a-vo-havana-e-bezbedno-05.jpg

Додека пак во Хавана на еден сончев ден и температура од 30 степени, неизбежно е да се носи капа или шешир, заштитен фактор и шише вода кое постојано го имавме во количката на Давуд.

Користевме најчесто такси, но не пропуштивме да се возиме и со tour bus (туристички автобус) низ улиците на Хавана каде од поинаков агол ги погледнавме најатрактивните локации на градот.

dani-gjurovska-za-patuvanjeto-vo-kuba-so-bebe-lekovi-teshko-se-naogjaat-peleni-prodavaat-na-tezga-a-vo-havana-e-bezbedno-06_copy.jpg

Кои ви беа најголеми тешкотии поврзани со престојот на таква дестинација со мало бебе? Што беше тоа што не го гледаме зад совршените семејни фотки?

Не се соочивме со големи тешкотии, неминовно е да се има компромис кога сте 5 возрасни и две деца на толку далечна дестинација.

Приоритет ни беа Давуд и Јаман, но пак ќе напомнам толку беа приспособливи во многу ситуации што малтене немавме проблем.

dani-gjurovska-za-patuvanjeto-vo-kuba-so-bebe-lekovi-teshko-se-naogjaat-peleni-prodavaat-na-tezga-a-vo-havana-e-bezbedno-07.jpg

Што беше неопходно да понесете за патувањето во Куба со бебе?

Лекови, морам да кажам дека она што ми беше прво на списокот од лекови кои требаше да ги понесам го заборавив. Веројатно Марфи си поигра со мене.

Друго, со сигурност храна во зависност од тоа која возраст е бебето бидејќи и педијатарот на Давуд нè посоветува да не експериментираме со локалната храна и секако мора да се понесе облека за секое годишно време без разлика што одите на дестинација каде што е лето.

dani-gjurovska-za-patuvanjeto-vo-kuba-so-bebe-lekovi-teshko-se-naogjaat-peleni-prodavaat-na-tezga-a-vo-havana-e-bezbedno-08.jpg

Што ви остави најголем впечаток во Куба? Би се вратиле ли таму и зошто?

Убавата енергија, гостопримливоста на локалците, неверојатната архитектура која е оставена на немилост да се распаѓа, а сепак сè тоа изгледа како насликано уметничко дело, изненадувачки добрата храна во дел од рестораните, супер музика и одлични коктели.

Она што нè изненади е дека како туристи не ни недостасуваше ништо, она што е можеби најголем стереотип е дека во Куба нема интернет.

dani-gjurovska-za-patuvanjeto-vo-kuba-so-bebe-lekovi-teshko-se-naogjaat-peleni-prodavaat-na-tezga-a-vo-havana-e-bezbedno-09.jpg

Да, ретко може да се очекува да има во некој од локалите, но има можност да се купи сим картичка со што практично постојано имавме интернет.

Би се вратила со сигурност, веројатно кога Давуд би бил поголем за да разбира доволно да му покажам каде го шетавме со негови 7 и пол месеци хаха.

dani-gjurovska-za-patuvanjeto-vo-kuba-so-bebe-lekovi-teshko-se-naogjaat-peleni-prodavaat-na-tezga-a-vo-havana-e-bezbedno-10.jpg

Какви се цените во Куба? 

Можам да кажам многу прифатливи, секако зависи во кој ресторан, на која локација и слично. Како и на секоја туристичка дестинација.

Моментално во Куба имаат една валута кубански пезоси, за 1 долар може да добиете 300 пезоси доколку успеете да се испазарите со локалците кои го „работат“ тоа, бидејќи во овластените менувачници за 1 долар ќе добиете 140 пезоси што е дупло помалку.

Ова е од искуството кое го имавме во Хавана и Варадеро, во останатите делови на Куба кои не се туристички атракции цените се и пониски.

Кафето е околу 3 евра, вода 1 евро, коктелите кои беа одлични речиси на сите места се движат од 5 до 10 евра, а додека пак храната во рестораните нè чинеше отприлика 100 евра.

Секако имаше локали каде плаќањето беше исклучиво со картичка, па во тој случај бидејќи ја пресметуваат валутата како и во овластените менувачници, цената беше многу повеќе отколку како што беше забележано на менито.

dani-gjurovska-za-patuvanjeto-vo-kuba-so-bebe-lekovi-teshko-se-naogjaat-peleni-prodavaat-na-tezga-a-vo-havana-e-bezbedno-12.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Јордан Колевски го замени Скопје за Торонто: „Животот овде е прекрасен, луѓето се топли и љубезни, р... „Овде секој ќе те поздрави иако не те познава, луѓето се топли и насмеани. Ми се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg