Следната Corsa ќе изгледа како Astra GTC

slednata-corsa-kje-izgleda-kako-astra-gtc

Новата петта генерација на Corsa ќе биде инспирирана од изгледот на сегашната Astra GTC, а ќе почне да се произведува во 2014.

Главен адут на наредната генерација на Corsa ќе биде нејзиниот динамичен дизајн, со многу позајмени елементи од поголемиот брат, Astra GTC. Моделот со три врати, ќе има посмел дизајн од пет-вратниот модел, а неговата форма гледана во профил во голем дел ќе потсеќа на купе. Познато е дека и двата автомобила ќе го делат истиот преден дел со големи светлосни групи и тенка хромирана маска.

Новата Corsa ќе биде поставена на новата ‘Gamma II’ платформа на GM, наменета за мали автомобили, која веќе се користи кај Chevrolet Aveo и новиот компактен кросовер Opel Mokka. Германскиот производител објави дека нема да има знaчајни промени во димензиите. Сепак, следејќи го трендот за намалување на тежината, нејзината платформа ќе биде за околу 50 килограми полесна од онаа на сегашната Corsa.

Гамата на мотори ќе се состои од малолитражни три-цилиндрични и четирицилиндрични бензински мотори со зафатнина од 1.0 до 1.4-литри. Три-цилиндарскиот мотор со турбополнач би требало на најлесната Corsa да и овозможи тежина под 1000 килограми. Покрај бензинците, во понуда ќе се најде и 1.6-литарски дизел агрегат. Сите модели ќе бидат опремени со старт/стоп систем и шест-степен рачен менувач, наместо досегашниот со пет брзини.

Opel планира да продаде пола милион автомобили годишно, од кои околу 400,000 се очекува да бидат во Европа.

извор: carclub.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg