Која е најпопуларна боја кај автомобилите?

Најновите истражувања на специјалистите за надворешни обвивки (PPG) покажуваат дека белата боја е сè уште најпопуларна боја за автомобил.

koja-e-najpopularna-boja-kaj-avtomobilite

Истражувањето покажува дека белата боја ја преферираат Американците (21%) и Европејците (23%), додека во Азија, таа е подеднакво популарна со сребрената боја.

Исто како и на Далечниот Исток, во САД и Европа на второто и третото место се најдоа сребрената и црната боја, што кажува дека возачите од различни делови од светот имаат сличен вкус, барем кога се работи за боите на автомобилите.

А, ако се прашувате зошто е толку важна, тогаш имајте предвид дека PPG истражувањето покажало дека на 77% од купувачите на автомобили доста важна им е бојата.

При тоа, речиси половина од испитаниците истакнале дека би сакале произведувачите да им понудат избор на повеќе бои.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg