Golf 7 пристигна во Македонија

Долго очекуваниот модел на Volkswagen – Golf 7, седмата генерација на кралот на компакт класата – VW Golf и миленик на Европа, сега е достапен и во Македонија, благодарение на генералниот импортер Порше Македонија.

golf-7-pristigna-vo-makedonija-1

Автомобилот што претставува вистински синоним за елегантен дизајн, иновативна технологија и беспрекорен квалитет во модерната компакт класа, ја продолжува успешната автомобилска приказна на првиот Golf произведен во далечната 1974 година.

Фактот дека од претходните шест генерации се продадени повеќе од 29 милиони возила е најдобар доказ дека Golf автомобилите знаат како да го пронајдат патот до срцата на купувачите.

Новиот знаменосец на гамата на Volkswagen - Golf 7 е најлесната и најекономичната верзија од Golf понудена некогаш. Golf 7 е врвно возило со атрактивен изглед и нов редизајниран имиџ, опремен со карактеристики за подобрена удобност и безбедност, како и со унапредени системи за забава. Со должина од 4.255 мм, ширина од 1.799мм, како и меѓуоскино растојание од 2.637 мм,  Golf 7 е подолг и поширок од својот претходник, покомфорен, побезбеден и позабавен за возење. Kапацитетот на багажникот е зголемен од 350 на 380 литри, а со новите надворешни димензии, сега и внатрешноста нуди завиден комфор со 15 мм повеќе простор за нозете на патниците назад, како и повеќе простор за рамената - 931 мм напред и 30 мм назад.

Автомобилот импресионира со богат и елегантен ентериер, комфорни седишта кои нудат завиден простор за патниците и уживање во возењето. Golf 7  се одликува со елегантен дизајн, ергономија и беспрекорна изработка. Kупувачите, меѓу другото, во пакетот на опрема ќе може да добијат и адаптивен темпомат, систем кој го предвидува судирот и ги затегнува ремените и ги затвора прозорците, систем што го предупредува возачот дека ја сменил лентата во која дотогаш возел, систем за препознавање на сообраќајните знаци, како и систем на автоматско запирање во град (при брзини до 30 км/ч).

Новиот Golf е заснован на потполно новата и долго најавувана платформа (MQB) - Модуларна Напречна Матрица која на групацијата Volkswagen и носи нови заштеди и сите предности на модуларната изградба на автомобили. Благодарение на употребата на челик со висока цврстина, вкупната тежина на Golf 7 е намалена за дури 100 килограми во однос на претходникот, додека потрошувачката на гориво е намалена за 13,9 % во просек, додека некои верзии се поекономични и за 23 %.

Новиот Volkswagen Golf 7 се нуди во две дизел и две бензински опции. Така, може да се избира меѓу 1,2 литарски TSI мотор од 85 КС, како и 1,4 литарски ТSI мотор со 140 КС со технологија за деактивација на два цилиндри. Потрошувачката и кај двата агрегати изнесува 4,9 односно 4,8 литри на 100 километри. Понудата на дизел моторите ја сочинуваат 1.6 TDI со 105 КС (3,8 литри на сто километри) и 2.0 TDI со 150 KС (4,1 литри на сто километри). Најекономичниот модел е „Golf BlueMotion“, со комбинирана потрошувачка со 3,2 литри на сто километри и емисија на јаглерод диоксид од само 85 грами на километар.

golf-7-pristigna-vo-makedonija-2

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg