Сликата од нашиот уметник Кардула, стигна кај малата хероина Нина во Нови Сад

Малата хероина Нина Нинковиќ од Нови Сад која продаваше крофни за да собере пари за лекувањето на татко ѝ, го доби портретот од познатиот македонски уметник Зоран Кардула. Според српските медиуми, Нина успеала во својата цел и ја собрала потребната сума.

heroinata-nina-koja-prodavashe-krofni-za-da-go-plati-lekuvanjeto-na-tatko-ja-dobi-slikata-shto-ja-nacrta-nashiot-umetnik-kardula01.jpg

11-годишната Нина од Србија за која дозна целиот Балкан продаваше крофни во центарот на Нови Сад, со надеж дека ќе собере пари за лекувањето нејзиниот татко.

Нина ги продаваше крофните по симболична цена од 100 динари – околу 50 денари.

heroinata-nina-koja-prodavashe-krofni-za-da-go-plati-lekuvanjeto-na-tatko-ja-dobi-slikata-shto-ja-nacrta-nashiot-umetnik-kardula-02.jpg

Откако медиумите објавија за нејзината приказна, пред штандот на малата Нина се направи километарска редица и, според српските медиуми, успеала да ја собере потребната сума.

heroinata-nina-koja-prodavashe-krofni-za-da-go-plati-lekuvanjeto-na-tatko-ja-dobi-slikata-shto-ja-nacrta-nashiot-umetnik-kardula-04.jpg

Пред неколку дена, познатиот македонски уметник Зоран Кардула направи портрет од малото девојче, а сега откри дека делото стигнало до неа.

Кардула објави фотка на која Нина позира со портретот и се заблагодари на сите кои помогнале, вклучувајќи го фотографот чија фотографија била основа за неговото дело, како и луѓето кои помогнале во печатењето и организацијата.

„Нина си ја доби сликата... Благодарност до сите кои помогнавте во напорот и желбата на малата Нина да собере пари за лекување на нејзиниот татко“.

https://www.instagram.com/p/CuMi5B3sZev/

Според српските медиуми, и државата ќе помогне во лекувањето на таткото на Нина.

Иако трудот на Нина не беше залуден, nova.rs пренесува дека на почетокот девојчето едвај продавало по неколку крофни дневно.

„Прво немаше никој кој сакаше да купи крофна од 100 динари, а сега чекаат редици. Почувствуваме голема емпатија и се уверивме дека има многу прекрасни и добри луѓе.

Верувајте, малку ни се 100 крофни дневно, толкава е побарувачката. Луѓето долго чекаат да купат само една крофна…

Притоа, секој плаќа за крофната повеќе отколку што чини, а сега ни бараат и да ги праќаме крофните по пошта. Започна една позитивна лавина“, откри мајката на Нина пред да се соберат потребните средства.

Прочитајте повеќе: Браво! Девојчето (11) од Нови Сад, кое продава крофни за лекување на татко ѝ, стана хит - километарска колона на нејзиниот штанд

heroinata-nina-koja-prodavashe-krofni-za-da-go-plati-lekuvanjeto-na-tatko-ja-dobi-slikata-shto-ja-nacrta-nashiot-umetnik-kardula-03.jpgфото: принтскрин Јутјуб

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Додека Нина продаваше крофни, татко ѝ кришум си ги бришеше солзите“: Хероината од Нови Сад среќна, ... „Нина е дар од Бога. Направи чудо, а не е ни свесна за тоа. За неа сè ова е норм...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...
Србинка има сопруг од Египет: „Живееме во Белград, многу луѓе нè осудуваат“ Нина од Србија и нејзиниот сопруг од Египет живеат во Белград. Тие се брачен пар...
Во ромското село Драгиње во Србија парите не се проблем - сите имаат: Луксузните куќи го одземаат зд... Куќи со по 30 соби, фасади што светкаат на сонце, дворови украсени со гипсени ла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg