Колку ќе ве чинат патарините до различни дестинации во Грција по поскапувањето?

Според новиот ценовник, првата патарина по граничниот премин Евзони е поголема за 60 центи, односно од 1.80 се качи на 2.40 евра. Колку чинат другите патарини низ Грција?

kolku-kje-ve-chinat-patarinite-do-razlichni-vo-grcija-po-poskapuvanjeto-01_copy.jpg

Македонците веќе ја отворија сезоната во Грција, па секој викенд и убавото време ги користат за посета на Солун, Халкидики и околните места.

За да стигнете до граничниот премин Богородица кај Гевгелија, од Скопје ќе треба да платите 360 денари за патарини во еден правец, односно 720 денари во двата правца.

Но, од годинава, ќе плаќате повеќе за патарините во Грција, откако нашиот сосед ги покачи цените на патарините.

Колку ќе треба да платите за да стигнете до некоја од омилените грчки дестинации?

Според новиот ценовник, првата патарина по граничниот премин Евзони е поголема за 60 центи, односно од 1.80 се качи на 2.40 евра.

Патарината пред влезот на Солун е зголемена за 0.05 центи, па сега изнесува 0.55 евра.

kolku-kje-ve-chinat-patarinite-do-razlichni-vo-grcija-po-poskapuvanjeto-02.jpg

Ако патувате преку Солун до Атина со автомобил, сега ќе платите 2.20 евра повеќе и тоа и ќе чини 33,55 евра.

Ако тргнете кон Јонското крајбрежје и Лефкада, ќе треба да платите вкупно 16.90 евра за патарина.

Оние кои годинава ќе одлучат да летуваат во Сивота - Парга - Врахос - Превеза ќе платат вкупно 13.25 евра патарина во Грција.

Доколку летувате во Солунскиот регион, односно во Ставрос, Аспровалта, Врасна, од оваа година ќе имате четири наплатни пунктови од влезот во Грција, а вкупната цена на патарините до Аспровалта ќе биде 7.45 евра.

Ако тргнете кон Кавала и Тасос, по пат ќе поминете преку пет наплатни пунктови, а вкупната цена на патарините во Грција преку Евзони до Тасос оваа година е 8.55 евра.

kolku-kje-ve-chinat-patarinite-do-razlichni-vo-grcija-po-poskapuvanjeto-04.jpg

Во продолжение погледнете листа на некои од патарините низ Грција и новите цени:

Tyras - 2.70e
Pamvotidas -1.55e
Malakasioy - 1.90е
Siatistas - 1.90е
Polymyloy - 1.90е
Мalgaron - 0.90е
Thessalonikis - 0.55е
Analipsis - 2.35е
Аsprovaltas - 1.10е
Moysthenis - 2.15е
Kavalas - 1.85е
Iasmoy - 1.80е
Mestis - 2.20е
Ardanioy - 1.60е
Ieropigis - 1.85е
Eyzonon - 2.40е
Strymonikoy - 1.90е
Promahona - 1,90е

kolku-kje-ve-chinat-patarinite-do-razlichni-vo-grcija-po-poskapuvanjeto-03.jpg

Колку ќе ве чини патарината од посакуваната дестинација можете да пресметате и со калкулаторот на патарини, кој ќе го најдете ТУКА.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подоб... Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се ...
Сезоната на бањање во Грција е отворена - Македонци и Срби го преполнија Солун (фото+видео) Внуката на Дац, Гаиа, заедно со родителите Јаков и Софија, уживаше во игрите на ...
Четка за тоалет од 700 евра, радијатори - уметност: Како изгледа стан од 1 милион евра во „Белград н... Еден радијатор во овој стан чини 3.000 евра, но тие навистина наликуваат на умет...
Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
Купишта ѓубре по улиците – Солун по дочекот на Нова година (видео) На Инстаграм видео направено по дочекот на Нова година во Солун, се гледа дека у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg